Background

Дали знаете која е русокосата која е секогаш покрај Северина на нејзините концерти?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Музички уметник, професор по пијано, асистент на Музичката академија, еден од најдобрите хрватски „придружни вокали“, диригент, композитор, педагог, корепетитор… Дипломирала музичко училиште уште на 16 години, почнала да работи со ученици во Музичкото училиште во Имотски на 17 години, чекајќи да ги исполни условите за запишување на Академијата.

- Advertisement -
Ad image

Ова е Аленка Милано, вокална соработничка на најголемите хрватски поп ѕвезди, од кои најѕвездена е Северина, чии обожаватели ја познаваат многу добро, бидејќи оваа русокоса од Сплит е неизбежен дел од настапите на Северина.

Северина безброј пати нагласила колку се поврзани, колку се познаваат и сакаат.

Секој концерт на Северина без гласот на Аленка е незамислив.

– Одевме заедно на училиште, на сцена сме заедно 17 години. Неодамна, на средина од една песна, отишла кај тапанарот, јас не видов… одеднаш ја немаше, имав чувство дека ми ја снема левата рака… Се исплашив… Ружице моја, среќен роденден и да продолжиме и натаму да славиме пеејќи… И секогаш да ми бидеш од левата страна… Те сакам – напиша Северина во објава на Инстаграм во 2017 година.

 

Во друга објава, Северина ѝ го честиташе роденденот на својата Аленка вака:

„21 година е од левата страна на моето срце, не можев да замислам ниту еден концерт без неа. Среќен роденден на мојата русокоса кукла, магистер по музика, мајка, пријателка и чудо од жена. Те сакам драга моја до небото и среќен, среќен, среќен роденден – напиша пејачката и сподели видео од концерт.

 

Секако, Аленка ѝ возвраќа на својата пријателка и соработничка со слични роденденски честитки: Од десната страна на срцето мое, секогаш да те чува Бог… пишува таа во роденденската честитка за Севе.

 

Покрај децениското пријателство и соработка со Северина, Аленка Милано е заслужна за успешните концертни настапи на бројни други познати имиња, како што се Петар Грашо, Данијела Мартиновиќ, била и членка на Магазин, а во своите музички почетоци, имала и бенд, наречен „Дуга“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation