Background

Американската скијачка легенда Линдзи Вон е хоспитализирана во Италија и се наоѓа на одделение за интензивна нега по тешкиот пад што го доживеа за време на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Американската скијачка легенда Линдзи Вон е хоспитализирана во Италија и се наоѓа на одделение за интензивна нега по тешкиот пад што го доживеа за време на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Иако состојбата е сериозна, лекарите уверуваат дека нејзиниот живот не е загрозен.

- Advertisement -
Ad image

Вон беше подложена на операција на левата нога и моментално се опоравува во болница во Тревизо. Според германски „Билд“, таа е сместена на интензивна нега како превентивна мерка, што е вообичаена практика за врвни спортисти од нејзин ранг. Италијанските организатори инсистираат на целосна приватност, а покрај медицинскиот тим од болницата, во лекувањето се вклучени и нејзините лични хирурзи. Повеќе информации за здравствената состојба на Вон се очекуваат денеска околу пладне.

Несреќата се случи само 12 секунди по стартот на трката. По неколку кривини, Вон удри со десното рамо во една од вратите, ја изгуби рамнотежата и падна со голема брзина. Поради сериозноста на повредите, таа беше итно транспортирана со хеликоптер во болница.

Дополнителна тежина на ситуацијата ѝ дава фактот што Вон настапи во Кортина иако пред десетина дена ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено. И покрај тоа, тренинзите во спуст поминаа без поголеми проблеми и даваа надеж дека ќе може достојно да се натпреварува.

За 41-годишната Американка ова требаше да бидат последни Олимписки игри во кариерата. По враќањето од спортска пензија, Кортина требаше да биде симболичен крај на една од најголемите скијачки приказни во историјата, но наместо тоа, нејзиното враќање заврши со тежок пад и неизвесно закрепнување.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation