Background

Продолжува судењето за случајот „Онкологија“

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Со сослушување вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.

- Advertisement -
Ad image

Вештото лице Маја Радник од Медицинскиот факултет Марибор, Словенија, која го изработила медицинското вештачење, заедно со асистент Јасмина Јордан, исто така од факултетот во Марибор, одговараа на прашања од Обвинителството за медицинските критериуми врз основа на кои се определува онколошка терапија, како и протоколите по кои се прави тоа, но и за конкретни мислења за лекувањето на вкупно 51 медицинска документација врз кои е правено вештачењето.

Онколошките лекови во рамки на индикациите имаат точно определена доза, начин и време на аплицирање што е потврдено преку разни фази на клинички студии. Секоја промена на лекот или дозата, мора да биде јасно забележано и од која причина.

Конзилијарното мултидисциплинарно одлучувањето, нагласи вештакот е златен стандард на добро онколошко лекување.

Прашана дали во историите што ги разгледале забележале конзилијарно одлучување при определување или промена на терапија, вештакот рече дека при прегледаните 51 медицинска документација, само во една имало запис од мултидисциплинарен конзилиум.

– Од прегледаната документација се гледа дека промените на лекување не биле соодветно бележени и многу пати без никакво објаснување, нагласи вештакот Маја Радник.

Целосното документирање на лекувањето, како и при секоја медицинска пракса, така и при онколошко лекување, вештакот нагласи дека е важно, псоочувајќи дека точното забележување на лекувањето, како информација значи и безбедност за пациентот, но е важно и потребно и за можното понатамошно лекување на другите медицински специјалисти.

– Од разгледната медицинска документација, одделни ретки наоди беа структурирани, но во голем број наоди беше забележано дека пациентот добива лек, а нема забележани какви потешкотии има, значи без анамнеза и без клиничка преглед и какви се протоколите, изјави вештакот.

Во документација што била предмет на вештачење, сведокот рече дека имало пациенти без редовни амбулантни прегледи, и тоа било забележано само во мал дел документација.

– Телесната висина и тежина беа забележани само во мал број случаи, најчесто ако во документацијата имаше терапевтски лист. За комордбилитетот имавме уште помалку податоци и многу малку во документациите имаше физолошки преглед. Генерално гледано целокупната документација беше многу нецелосна – нагласи вештакот.

Најважно кај пациентите при определување терапија, сведокот нагласи дека е хистолошки наод за видот на ракот, како и дополнителни генетски и молекуларни анализи, стадиумот на болеста, комордбилитети и здравствената состојба на пациентот.

– Терапијата мора да биде согласно насоките за лекување – протоколи, што овозможува успешна терапија и безбедност на пациентот. Во Европа се придржуваме до европските протоколи и согласно тие се и државните протоколи. Ако државата нема протоколи, тогаш се придржуваме до европските, односно светските протоколи – појасни вештакот.

Лекот, како што посочи, не може да се аплицира без соодветна индикација, која се проверува преку различни клинички студии и докажана добробит при лекување на онколошки пациенти.По исклучок, како што појасни, може да се употребат различни лекови што покажале студиски добробит на пациенти, а уште не се предвидени во протоколот, но таков случај мора да биде разгледуван на мултидисциплинарен конзилиум и за такво лекување мора да се побара мислење од Фондот.

– Ако се работи за акутна болест, во период на акутното воспаление се прекинува онколошката терапија додека трае воспалението. Исто така, ако општата здравствена состојба е лоша, може да се очекуваат повеќе компилации, и затоа при секое продолжување, а не само при определување на терапијата, ја оценуваме општата здравствена состојба по повеќе различни критериуми, пред да се продолжи со онколошко лекување, посочи вештакот.

Повеќето онколошки лекови се дозираат на тежина на пациентот и затоа мерење на тежина и висина се предуслов за соодветна терапија.

– Обично телесната тежина се намалува и доколку дозата не се прилагодува доаѓа до предозирање, или ако пациентот се поправи, во тој случај ја прави неефикасна, посочи вештакот Маја Радник.

Комордбилитетот, исто така, може значително да влијае на општата здравствена состојба и бара друга редовна терапија што пак влијае на ефикасноста на онколошката терапија.

Ако се забележи лоша здравствена состојба на пациентот, според вештакот соодветен избор е палијативната нега – без соодветна онколошка терапија.

Агресивна онколошка терапија не се дава пред смрт на пациентот, посочувајќи дека тука спаѓа хемотерапија, биолошка и имунолошка терапија.

Во однос на стручноста, Радник на почетокот нагласи дека во текот на 2011 го положила европскиот испит за интернистичка онкологија, во 2012 положила специјалистички испит од интернистичка онкологија и од тогаш работи на Клиничкиот центар Марибор како прв онколог, а од 2016, кога е формиран одделот, е началник на одделот. Од 2022 година е национален координатор за специјализација во Словенија.

Одбраната на Нино Васев, пред почетокот на денешното рочиште до Судот достави вешт наод и мислење од вештото лице Владимир Даниловски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска. За сослушување на вештите лица од Словенија се закажани повеќе рочишта неделава.

Во согласност со најавената динамика, кон крајот на март ќе треба да се почне со сослушување вешти лица од Србија, кои исто така работеле медицински вештачења за Обвинителството.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред судот по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службената положба и за проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation