Background

Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена неизвесност и повеќекратни економски шокови во последните години

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена неизвесност и повеќекратни економски шокови во последните години, изјави советничката на гувернерот на Народната банка, Милица Арнаудова-Стојановска.

- Advertisement -
Ad image

Според неа, изминатиот период се бележи засилен раст на денарските и на долгорочните депозити, што е поврзано со стабилизирањето на очекувањата на граѓаните, зголемените приноси од штедењето, особено на долг рок и во домашна валута, како и со мерките преземени од Народната банка за поддршка на процесот на денаризација и поттикнување на долгорочното штедење.

– Во декември 2025 година, вкупните депозити на домаќинствата достигнаа 445 милијарди денари (7,2 милијарди евра), што претставува годишен пораст од 12%. Во однос на периодот од пандемијата наваму, заштедите на граѓаните се зголемени за над 50%, што ја потврдува довербата во банкарскиот систем и неговата отпорност – рече Арнаудова-Стојановска во емисија на ТВ Телма.

Таа додаде дека во изминатите години, денарските и долгорочните депозити на домаќинствата растат со двоцифрени стапки, при што учеството на денарските депозити достигна 55%, а на долгорочните 33,5% од вкупните депозити на домаќинствата, наспроти 47,8% и 25,1%, соодветно, во декември 2022 година.

– Овие показатели потврдуваат дека банкарските депозити и понатаму се најзначајниот и најсигурен облик на штедење за домаќинствата, придонесувајќи за стабилноста на финансискиот систем и за поддршка на вкупната економска активност -рече Арнаудова-Стојановска.

Според последните расположливи податоци за 2024 година, банкарските депозити и натаму се главниот облик на штедење кај домаќинствата во земјава.

Во структурата на финансискиот имот на домаќинствата, депозитите кај банките учествуваат со околу 60%, по што следуваат средствата во приватните пензиски фондови со околу 25%.

Овие движења се во согласност со трендовите забележани во повеќе земји од регионот и од Европската Унија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖