Топ Вести - Слушај сега
Јапонската конзервативка Санае Такаичи извојувала убедлива победа на парламентарните избори, испраќајќи јасна порака за политичка стабилност и геополитичка ориентација на Токио. Победата веднаш предизвикала реакции од Вашингтон и од азиските сојузници.
Американскиот министер за финансии Скот Бесант јавно ѝ честитал на Такаичи, нарекувајќи ја „прекрасен сојузник“. Во интервју за Фокс Њуз тој ја истакнал блискоста меѓу новата јапонска влада и Белата куќа.
– Таа е прекрасна сојузничка и има прекрасен однос со претседателот – рекол Бесант, додавајќи дека силна Јапонија значи и посилно американско присуство во Азија.
Поддршката од Вашингтон не била симболична. Доналд Трамп уште пред изборите јавно застанал зад Такаичи преку објава на својата мрежа Truth Social.
„Премиерката Такаичи е личност која заслужува силно признание за работата што ја работат таа и нејзината коалиција“, напишал Трамп.
Честитки пристигнале и од Тајпеј. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи изразил очекување за тесна соработка со Токио, нагласувајќи ја важноста на мирот и просперитетот во Индо-пацифичкиот регион. Пораката ја објавил на платформата Икс.
Победата на Такаичи доаѓа во чувствителен момент за регионот. Односите меѓу Јапонија и Кина се затегнати откако премиерката изјавила дека Токио би можел воено да интервенира доколку Тајван биде нападнат. Пекинг одговорил со остри дипломатски и економски мерки.
Такаичи најавила јасна агенда за зајакнување на јапонската армија, вклучително и со зголемување на трошоците за одбрана. Таквиот курс се совпаѓа со долгогодишниот притисок од Вашингтон Јапонија да преземе поголем товар во регионалната безбедност.
Зголемените одбранбени инвестиции на Токио би можеле да ја поместат стратешката рамнотежа во корист на САД во конкуренцијата со Пекинг за воено и политичко влијание во Азија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
