Топ Вести - Слушај сега
Контроверзата околу смртта на сексуалниот престапник Џефри Епстин повторно се разгоре, овој пат преку гласот на Лејди Викторија Херви, поранешна партнерка на Принцот Ендрју. Таа јавно изјави дека не верува оти Епстин починал во затвор, туку тврди дека бил извлечен и префрлен во Израел, пренесува британски Експрес.
Во разговор на радио, Херви кажа дека не ја прифаќа официјалната верзија за настаните во 2019 година и дека приказната за самоубиство е „неубедлива“. Нејзините зборови веднаш се проширија на социјалните мрежи и повторно ги активираа старите сомнежи.
– Да бидам искрена, дури и не мислам дека Џефри Епстин е мртов – рече Херви во етер, додавајќи дека според неа постоел разработен план за бегство.
Според нејзините тврдења, Епстин не се обесил, туку бил заменет со друго тело и извлечен од објектот со возило. Таа инсистира дека токму Израел е местото каде што се криел.
Смртта на Џефри Епстин во Метрополитен поправен центар во Њујорк беше прогласена за самоубиство додека чекал судење за трговија со луѓе. Настанот веднаш предизвика бран сомнежи, особено поради пропустите во обезбедувањето и контрадикторните информации од затворските служби.
Тогашниот државен обвинител Вилијам Бар ја опиша ситуацијата како „совршена бура од грешки“, по што неколку високи затворски функционери беа разрешени. И покрај тоа, официјалната верзија остана непроменета.
Теориите на заговор дополнително се хранат со анонимен пост на 4Чен, објавен пред официјалната потврда за смртта, во кој наводен чувар тврдеше дека телата биле заменети. Херви сега се повикува и на електронска пошта што се појавила меѓу т.н. досиеја на Епстин, тврдејќи дека укажува на сведок од внатрешноста на затворот.
– Видов една од тие пораки и мислам дека чуварот мора да биде испрашан – рече таа, повторувајќи дека нејзиното убедување е дека Епстин е жив.
Лејди Херви се појавува повеќепати во објавените досиеја поврзани со Епстин и тоа јавно го признава. Таа изјави дека присуството во тие документи го гледа како доказ за кругот на моќни луѓе со кои се движел финансиерот.
Иако нејзините тврдења не се воопшто поткрепени со официјални докази, тие повторно ја отворија дебатата што шест години не стивнува и покажаа дека случајот Епстин и натаму живее меѓу сомнежите, недовербата и теориите што упорно одбиваат да згаснат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
