Background

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ НАД 40 ТОНИ КАНАБИС ОД НЕКОЛУ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје се пронајдени и одземени околу 9 тони марихуана и над 1.300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса, соопшти МВР.

- Advertisement -
Ad image

– Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Србија потекнува од нашата држава – вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице, додаде Андреевски.

– Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана. Исто така, извршени се проверки во неколку правни лица во источниот регион каде, исто така, од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина – рече Андреевски.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и за слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи. МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста, рече портпаролот на полцијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation