Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека понатамошните разговори меѓу претставниците на неговата администрација и Иран ќе се одржат на почетокот на следната недела.
Разговорите со иранската делегација вчера беа „многу добри“, изјави Трамп за новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида.
– Изгледа дека Иран многу сака да склучи договор – рече Трамп.
Тој повторно предупреди за последиците доколку не се постигне договор и повтори дека на Иран не смее да му се дозволи да има нуклеарно оружје.
Со посредство на Оман, САД и Иран вчера почнаа нова рунда преговори.
– Беше добар почеток – изјави подоцна иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, за државната телевизија, оставајќи отворена можност дека ќе продолжат разговорите.
До коментарите на Трамп, САД не издадоа никаква официјална изјави за исходот од состанокот.
Американскиот претседател, исто така, се закани со казнени царини против трговските партнери на Иран.
Според извршната наредба, царините би можеле да се воведат за увоз во САД од земји што купуваат или увезуваат стоки или услуги од Исламската Република. Трамп не именуваше конкретни земји, но наведе можна царинска стапка од 25 отсто.
Во извршната наредба се вели дека дополнителни царини „може да се воведат за стоки увезени во САД, кои се производи на која било земја што директно или индиректно купува, увезува или на друг начин стекнува стоки или услуги од Иран“.
Овој потег повторно го зголеми притисокот врз Иран. Трамп постојано му се заканува на раководството на Иран во Техеран, поради бруталното задушување на демонстрантите за време на неодамнешните масовни протести, како и поради контроверзната нуклеарна програма.
Трамп не именуваше конкретни земји, но наведе 25 проценти како пример за можна царинска стапка.
„Претседателот го смета Иран за одговорен за неговата потрага по нуклеарни капацитети, поддршката на тероризам, развојот на балистички ракети и регионалната дестабилизација што ја загрозува американската безбедност, сојузници и интереси“, соопшти Белата куќа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
