Background

Трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – декември 2025 година во споредба со периодот јануари – декември 2024 годинa

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – декември 2025 година во споредба со периодот јануари – декември 2024 година. Тоа го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

- Advertisement -
Ad image

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2025 година, изнесува 9, 05 милијарди долари  и е за 7,4 %  повисока од истиот период во 2024 година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2025 година, изнесува 13,05 милијарди долари и е за 9 % повисок од 2024 година во истиот период.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Во периодот јануари – декември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,9 % во вкупната размена.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation