Background

(Галерија на уништување) Свиркач од НП Галичица открива скандалозни злоупотреби: Само една фирма од Трпејца “најспецијализирана” за сите работи

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Надлежните веднаш да постапат

Охрид – До редакцијата на Охридска доставено е детално писмо од свиркач кој открива сериозни злоупотреби и незаконски активности во ЈУНП Галичица, поврзани со работата на вработениот Ѓуро Јовчески и негови соработници. Според доставените документи, Јовчески систематски ја посочувал и ангажирал само една фирма од село Трпејца како “најспецијализирана во Македонија” за сите видови работи во Националниот парк – од градба на патишта, преку чистење на шљунак, до сеча на дрва и изградба на викендици. Изворот е во тајност познат на редакцијата, а приложените документи и фотографии сведочат за долгогодишни злоупотреби на јавните ресурси и уништување на заштитената природа.

Изградба на дива патека и уништување на заштитени видови

- Advertisement -
Ad image

Според доставеното писмо, во делот од Националниот парк Галичица на к.п. 1200/1, И.Л. 10, направен е диво изграден пат со должина од 40 метри и ширина 3,5 метри, при што се уништени шумски видови и непроценливо живеалиштето на ендемични и строго заштитени растителни видови.

Патот е направен на 08.05.2024 година со манипулативна согласност од увидната екипа на Јавната установа Национален парк Галичица, со потпишување на истото од страна на вработени во паркот Наумче Новески, Ѓуро Јовчески и Свилен Илијевски, и презентирано пред директорот на установата дека постои можност за изградба на патот за негово одобрување.

Според писмото, самиот чин на одобрување е против законски од причина што ЈУНП Галичица не е  орган за одобрување на градба на патишта и дополнително е многу значајно што се уништени природни добра во зона на строга заштита на само 70 метри од брегот на Охридското Езеро.

Манипулација со механизација: “Само Трпоски може да изврши услугата”

За изведба на градежните активности, вработените лица од паркот Наумче Новески, Ѓуро Јовчески и Свилен Илијевски посредно за сопственикот на парцелата го ангажирале лицето Крсте Трпоски со својата механизација од друштвото Трпејца, за да ја изврши изградбата на патот при што наведените лица учествувале при пазарење за услугата и посочиле дека единствено овластено лице за изведба на патот е лицето Крсте Трпоски и единствено тој може да изврши услугата.

На дел од к.п. број 1499 и И.Л. 10 на м.в. кале кај село Трпејца во површина од 400 м2, по незаконски и манипулативен пат е издадено позитивно мислење за поставување на пчелни сандаци од увидната екипа од Јавната установа Национален парк Галичица во состав од: Наумче Новески, Свилен Илијевски и Ѓуро Јовчески. Истото е незаконско од причина што местото се наоѓа во селото Трпејца и не е дел од шума која е јасно дефинирано во каков предел има можност за поставување на пчелни сандаци при што увидната екипа извршила злоупотреба на своите овластувања за давање на мислење које понатака се процесуира за давање на одобрение за поставување на пчелни сандаци.

Покрај ова нелегално издадено одобрување, барателот за одобрение за поставување на пчелни сандаци по сугестија од увидната гореспомената екипа од ЈУНП Галичица и со нивно посредство го ангажирале повторно лицето Крсте Трпоски со механизација да изврши чистење и рамнење на теренот. При овие операции се уништени вредни дрвни и растителни видови од кои некои и ендемични.

Незаконско поставување на пчелни сандаци

Местото на кое требало нелегално поставување на пчелни сандаци се огради со метална ограда и се искористи за поставување на монтажен објект за викендица.

Националниот парк третиран како приватна сепарација: Најстрога законска забрана прекршена

Во тек на 2022 година се јави потреба за чистење на одрони од шљунак на дел од асфалтниот пат на патниот правец Дервен Царина од м.в. Дервен до м.в. Баба. Надлежни за надзор од Јавната установа Национален парк Галичица беа вработените Ѓуро Јовчески и Аце Гугоски.

Од страна на наведените лица за надзор се ангажира лицето Крсте Трпоски кој со својата механизација го чистеше патот околу 4 работни часа. За оваа услуга и возврат на лицето Крсте Трпоски му беа доделени околу 150 м3 квалитетен шљунак голем дел од насипот на патот кај м.в. Зли Дол.

Според законските прописи за национални паркови постои најстрога законска забрана за ископ на шљунак. Националниот парк не претставува приватна сепарација и ваквото дело е најстрого казниво. Со ова истите извршија злоупотреба на своите овластувања како одговорни за надзор и место да го гледаат и контролираат чистењето на патот тие се впуштија во бизнис релации за продажба на шљунак на сопственици на парцели на м.в. Рајца село Љубаништа.

Криминал, уцени и заплашувања

На к.п. број 799 и 800 м.в. Рајца сопственост на Д. П. истиот го ангажирал лицето Крсте Трпоски без одобрение да исече поголема количина на евлови стебла заради градба на 2 викендици и понатака овие исечени стебла лицето Крсте Трпоски ги транспортирал без одобрение – испратница од ЈУНПГ и ги присвоил. За ова дејствие од моја страна беше запознаен раководителот Наумче Новески и тој со вработените Ѓуро Јовчески и Славчо Танески извршил увид но без резултат.

На к.п. број 798 и И.Л. 10 лицето Крсте Трпоски со знаење на претходно споменатите претставници од ЈУНПГ извршил рамнење и пошлунчување на државно место сопственост на Република Северна Македонија.

По моја пријава по телефонско јавување до раководителот на заштита Андон Бојаци дека на к.п. број 817/1, 817/2, 752/2, 760/1 и И.Л. 10 сопственост на РСМ и к.п. број 760/2 и 818 сопственост на Зоран Стојанов и Филип Арсов дека се вршат градежни активности, раководителот Андон Бојаци ме извести дека ќе го извести раководителот Наумче Новески за да преземе мерки. Наумче Новески со екипа од ЈУНПГ заедно со Ѓуро Јовчески и Свилен Илијевски направиле увид и увиделе дека нема никакво нарушување. Но на тоа место се уништени повеќе млади евлови стебла и направен е пат во должина од 100 тина метри кој се протега од задната страна на игралиштето во село Љубаништа на 70 метри од брегот на Охридското Езеро. Патот е трасиран и пошлунчен со усно одобрение од увидната екипа која била на увид на теренот.

Во 2020 година беше поднесена кривична пријава за истото на друго лице за истите парцели поради сечење и уништување на шума.

Реакција на редакцијата

Редакцијата на Охридскај интегрално го објавува писмото на Свиркачот,но апелира надлежните институции – Основно јавно обвинителство Охрид, СВР Охрид, Трудов инспекторат, Државен инспекторат за животна средина и ресорното министерство – веднаш да постапат по овие тежок обвинувања и да спроведат темелна истрага за сите наведени случаи на злоупотреба на службена положба, уништување на заштитена природа и можни кривични дела.

Фотографиите приложени со писмото јасно документираат штетата нанесена на Националниот парк Галичица и незакonските активности кои се вршеле со знаење и учество на одговорни лица од установата.

Идентитетот на свиркачот е заштитен согласно законските прописи, а сите документи и докази стојат на располагање на надлежни органи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation