Топ Вести - Слушај сега
Познатиот британски готвач Гордон Ремзи и неговата сопруга Тана Ремзи го прекинаа молкот за семејната расправија на нивниот зет, пливачот Адам Пити – и тврдат дека тие немаат ништо со тоа и дека „лошата крв е самонаметната од НИВНА страна“, пишува The Sun.
Тие двајца инсистираат дека „не направиле ништо лошо“ во врска со семејната драма по венчавката на Холи и Адам во декември.
Лошите односи меѓу Адам и неговото семејство го натераа олимпискиот пливач (31), да ја повлече поканата за своите родители на неговиот голем ден.
Адам, му рекол на својот татко дека може да присуствува, но да гледа од задната страна на црквата – покана што тој, разбирливо, ја одби.
Во меѓувреме, суперготвачот Гордон, се појави и како уште повеќе да ја разбранува состојбата со својот говор на церемонијата, велејќи дека неговата сопруга Тана „ќе биде добра мајка за двајцата“ – монолог кој Холи потоа го бранеше.
Додека младенците уживаат на нивниот меден месец, готвачот во разговор за MailOnline, рекол: „Едноставно е вознемирувачки.
– Сè е самонаметнато од нивна страна, бидејќи ние не направивме ништо – ништо од она што го прочитавте: никаква грубост, никакво игнорирање – ги пречекавме.
Испративме автомобил со шофер за да дојдат на свршувачката и се однесувавме кон нив како кон кралско семејство. Тоа што пишуваа потоа медиумите беше многу болно. Тана го сфати многу сериозно. Би сакал да одиме во Нотингем со Тана, да ги видиме и да повлечеме линија во песокот. Желбата на Адам и Холи беше тие да не присуствуваат и затоа моравме да го почитуваме тоа. Има работи што треба да ги средат тие како родители. Тоа нема никаква врска со Тана и мене. Но, ние сме многу свесни дека сакаме да продолжиме понатаму и да им дозволиме на Холи и Адам да го продолжат нивниот заеднички живот.
Потоа и мајката на Холи, Тана, го дала својот став во емотивниот разговор.
Таа алудирала на проблеми во нејзиното семејство и рекла: „Имавме проблеми во моето семејство, нема победници. Многу сум благодарна што ги пребродивме моите и повторно имаме среќни врски. Не мора да бидете најдобри пријатели, но бидете учтиви. Не можете да бидете среќни кога има последици. Тоа е навистина негативно и никој не го сака тоа.
Кавгата на Адам со неговата мајка Каролина (60) експлодираше во ноември откако таа не беше поканета на свадбената церемонија на Холи.
Потоа беше откриено дека Каролина била „навредена и повредена“ од „суровите“ навреди на Гордон кон нејзиното семејство за време на свадбената церемонија – нешто што тој го негираше во новото интервју.
Извор близок до родителите на Адам рекол дека ова било навистина емотивен период за нив како семејство.
– Тие се справуваат со она што се случи и што Адам ја избрал својата страна. Тоа ја уништи секоја надеж за помирување во блиска иднина. Тие ги држат главите спуштени и се обидуваат тивко да продолжат понатаму. Јасно е дека Адам го направи својот избор.
По церемонијата, пливачот Адам откри дека го сменил презимето во Ремзи Пити.
Тоа беше потег кој брзо беше критикуван и од неговата поранешна девојка.
Tagged as:
Гордон Ремзи проговори за отсуството на родителите на неговиот зет од свадбата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
