Топ Вести - Слушај сега
Времето утре облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег, информираше УХМР.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 во Маврово до 7 во Гевгелија, а максималните дневни од 6 во Маврово и 14 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, претежно облачно со услови повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 4 до 13 степени.
Наредните неколку дена следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.
В петок нѐ очекува променливо облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 степени до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 7 степени до 13 степени.
Според прогнозата на УХМР, променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд нѐ очекува во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 6 степени до 16 степени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
