Топ Вести - Слушај сега
Објавувањето на нов сет документи поврзани со покојниот Џефри Епстин повторно го стави името на Бил Гејтс во фокусот на глобалната јавност. На почетокот на февруари 2026 година, Министерството за правда на САД објави обемна документација која содржи интерни материјали, меѓу кои и нацрт-е-пораки што Епстин си ги испратил самиот на себе во 2013 година.
Во тие пораки, Епстин изнесува сериозни и недокажани обвинувања против основачот на „Мајкрософт“, вклучително тврдења за вонбрачни афери, барање лекови за сексуално преносливи болести и наводни обиди за прикривање лични здравствени информации. Иако автентичноста и вистинитоста на овие наводи се спорни, нивното вклучување во официјалните досиеја предизвика нов бран правен и медиумски интерес.
По објавувањето на документите, Бил Гејтс го прекина својот молк. Во интервју за австралиски весник тој изрази жалење за секоја средба со Епстин и оценувајќи ги тие контакти како „грешка и ќорсокак“. Тој повтори дека нема никаква поврзаност со однесувањето за кое Епстин беше осуден и дека дополнителните информации само ќе го потврдат тоа.
– Фокусот отсекогаш бил дека тој познава многу, многу богати луѓе и дека тврди дека може да ги натера да донираат пари за глобалното здравство. Знаете, гледано од денешна перспектива, тоа беше ќорсокак и бев глупава одлука што поминав време со него. Јас сум еден од многуте луѓе кои жалат што го запознале. Очигледно, Џефри сам си пишувал меилови за мене, но тие мејлови никогаш не биле испратени. Таа е-пошта е, знаете, неточна. Не знам што му поминувало низ главата во тоа време. Жалам за секоја минута што ја поминав со него и се извинувам за тоа – изјави Гејтс во интервју за „Најн њуз“. Тоа беше единственото негово телевизиско интервју во Австралија, дадено за време на неговиот престој на Австралија Опен.
Бил Гејтс нагласи дека средбите биле ограничени на вечери, дека никогаш не бил на приватниот остров на Епстин и дека немал никаква поврзаност со неговите криминални активности.
Во меѓувреме, неговиот портпарол остро ги демантираше тврдењата од документите, оценувајќи ги како „апсолутно апсурдни и целосно лажни“. Според тимот на Гејтс, спорните е-пораки не се доказ за недолично однесување, туку за фрустрацијата на Епстин поради неуспехот да воспостави поблиска соработка со милијардерот.
Аналитичарите потсетуваат дека Епстин бил познат по тоа што собирал, преувеличувал или измислувал компромитирачки информации за влијателни личности, кои подоцна ги користел како средство за притисок и контрола.
Посебно внимание деновиве привлече и јавниот настап на Мелинда Френч Гејтс, поранешната сопруга на Бил Гејтс, која во интервју за подкастот „Wild Card“ на NPR истакна дека тој мора самиот да одговори на прашањата што произлегуваат од досиејата. Таа овие откритија ги опиша како потсетник на „многу болните времиња“ во нивниот брак, кој беше раскинат во 2021 година.
Мелинда изрази длабока сочувствителност кон жртвите на Епстин и оцени дека општеството поминува низ неопходен процес на соочување со вистината за моќните фигури. Таа нагласи дека ниту едно девојче не требало да биде доведено во ситуациите поврзани со Епстин и дека одговорноста не смее да биде селективна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
