Топ Вести - Слушај сега
Тврдењата дека Здравко Чолиќ со години носел товар на туѓи долгови повторно излегоа на површина – и тоа во најлош можен момент. Според јавно изнесени сведоштва од неговиот поранешен соработник, пејачот во еден период бил принуден да врати околу 300.000 марки на лихвари, за да го заштити семејството од притисоци и закани поврзани со неговиот брат.
Наводите доаѓаат откако во раните утрински часови беше фрлена бомба во вилата на Чолиќ во елитната белградска населба Дедиње. Според првичните информации, во куќата можела да биде само неговата помлада ќерка Лара. Повредени нема, но пораката е јасна и застрашувачка.
Подоцна, Чолиќ се обрати во медиумите да каже дека е во Загреб каде што работи на песни за албум.
Пред неколку години, поранешниот менаџер на „Забрањено пушење“, Драган Кики Зуровац, јавно тврдеше дека Чолиќ бил во сериозни финансиски проблеми токму поради семејни обврски. Според него, пејачот морал да враќа големи суми во готово за да ги затвори опасните канали со луѓе од подземјето.
Зуровац исто така вели дека „никој од Сараево дури и не се дружел со Чолa“.
– Тој во тоа време имаше 51 година, а последните 10 години го држеше на грб едно момче кое исто така многу го разочарало. Никој од Сараево никогаш не се дружел со Чолиќ, ниту пак тој некогаш живеел таму. Последните 30 години тој пееше за да ја преживее таа ужасна војна, но не можеше. Во 1999 година го вратив на сцената и човекот заработи 350.000 марки. Парите му беа дадени во готово за да ги отплати долговите кон еден човек од Босна и неговиот брат кои во тоа време зеле кредити од лихвар. Подготвив бизнис кој допрва требаше да донесе милиони. Тој сè уште се смета за најбогат пејач, а никогаш немал, никогаш пред тоа не заработил ниту динар – заклучи Зуровац.
Tagged as:
ПЛАТИЛ 300.000 МАРКИ НА ЛИХВАРИ ЗА ДА ГО РАСТЕРЕТИ БРАТ МУ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
