Background

ЛОРД МЕНДЕЛСОН ПОД ИСТРАГА ЗА ВРСКИТЕ СО ЕПСТИН

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Њујоршката полиција покрена кривична истрага против поранешниот британски амбасадор во Вашингтон и европски комесар за трговија Питер Манделсон, под сомнение дека ја злоупотребил службената положба, кои произлегоа од неговата објавена комуникација со осудениот американски сексуален престапник Џефри Епстин.

- Advertisement -
Ad image

Комуникациите покажуваат дека Манделсон, додека бил секретар за бизнис во владата на Гордон Браун во 2009 година, му препраќал на Епстин информации кои би можеле да бидат чувствителни за пазарот, пренесе Би-Би-Си.

Полицијата наведе дека примила повеќе кривични пријави против Менделсон, вклучително и од владата на Обединетото Кралство, по објавувањето на судските документи поврзани со Епстин. Портпаролот на британската влада рече дека владата е подготвена да ја пружи сета потребна поддршка на полицијата.

Поранешниот британски премиер Гордон Браун изјави дека му пишал на комесарот на Метрополитенската полиција во Њујорк, доставувајќи релевантни информации во врска со наводната преписка меѓу Манделсон и Епстин, оценувајќи го таквото постапување како „непростливо и непатриотско“.

Манделсон не одговори на барањата за коментар, но Би-Би-Си наведува дека тој смета оти не дејствувал криминално ниту од финансиски побуди. Во текот на викендот тој повтори дека жали поради својата поврзаност со Епстин и им се извини на жените и девојчињата кои биле жртви на сексуална злоупотреба.

Лорд Манделсон вчера поднесе оставка во британскиот Дом на лордовите, горниот дом на парламентот на Обединетото Кралство. Меѓутоа, рече дека ќе го задржи доживотното благородништво. Владата соопшти дека работи на законско решение кое би овозможило одземање на неговата благородничка титула во забрзана постапка.

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека Манделсон „ја изневерил својата земја“ и го оцени наводното препраќање информации како „срамно“. Тој додаде дека не е уверен оти сите релевантни информации веќе излегле на виделина.

Наводните имејлови, кои се дел од објавените документи од 2008 година, укажуваат на комуникација меѓу Манделсон и Епстин за владини планови, вклучувајќи го данокот на банкарските бонуси, како и други економски мерки. Во документите исто така се споменуваат наводни парични исплати од Епстин до Манделсон и неговиот партнер, што Манделсон претходно го негираше, наведувајќи дека не се сеќава на тие исплати или дека тврдењата се неточни.

Опозициските партии побараа дополнителни објаснувања во врска со именувањето на Манделсон за амбасадор на Велика Британија во САД во 2024 година, како и за процесот на проверка кој и претходел на таа одлука. Владата најави дека ќе биде подготвена да ги објави релевантните информации, со исклучок на документите кои би можеле да ја загрозат националната безбедност или меѓународните односи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation