Background

Разобличување на лагите од кујните на ВМРО: Како лажна вест се претставува како осуда од Брисел

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Разобличување на лагите од кујните на ВМРО: Како лажна вест се претставува како осуда од Брисел.
СДСМ целосно го разобличува начинот на ширење лажни вести и дезинформации од страна на кујните на ВМРО и медиумите под контрола на Орбан.
Нивните црни кампањи против опозицијата, јавниот линч врз претседателот Филипче се базирани на лаги и дезинформации.
Денеска ќе покажеме уште еден еклатантен пример, како се злоупотреба медиум за да се шират дезинформации.
Порталот Република објавува вест со наслов, цитирам „Притисокот на Филипче врз ‘Република’ стигна до Брисел“.
Во текстот стои, весникот Brusselmorning објави текст со наслов „Проевропска партија само декларативно: Болшевичкиот пристап на СДСМ кон контролата на медиумите“ во кој се критикува притисокот и односот на опозициската партија во Македонија кон новинарите чии наслови ги нарекува „токсични“.
Ова е чиста лага.
Вистината е следна:
Објавениот текстот не е став на Европската Унија, не е став на весникот Brusselmorning, ниту на било која европска институција, ниту не европски медиум.
Станува збор за лично мислење на авторот кој е новинар на Република.мк.
Значи, Република.мк си цитира свој новинар, а го објавува како „меѓународна реакција“ и потоа тоа го продава на јавноста како осуда од Брисел.
Ова е организирана дезинформација. Fake news!
Не само што три дена пишуваа за ова, туку истиот новинар потоа направи и подкаст на истата тема (за својот текст), со наслов „што велат медиумите во Брисел“.
Еве на овој начин континуирано се шират дезинформации, говор на омраза, се пласира невистини и фабрикува скандали насочени кон СДСМ, Венко Филипче. А се води и анти ЕУ кампања.
Само во последната година, преку анализа и хроника на СДСМ, беа документирани и објавени над 1.000 текстови и наслови од медиуми блиски до ВМРО– со дезинформации, фабрикувани афери и неосновани напади.
Сè е јавно, проверливо и документирано.
СДСМ нема да дозволи медиумите под влијание на Орбан да ја трујат јавноста.
Оваа злоупотреба доаѓа токму во момент кога СДСМ јавно ги разобличува мрежите на дезинформации и медиумите под влијание на унгарскиот модел на Виктор Орбан – модел кој ВМРО отворено го копира.
И тука е суштината.
Овие медиумски групации и структури на Орбан во Македонија служат како политичка алатка на ВМРО.
Оваа е мрежа на авторитарни влијанија кои ја оддалечуваат Македонија од Европската Унија, ја поткопува медиумската независност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation