Background

Дурмиши ги соопшти очекувањата од примената на Законот за работно ангажирање лица

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, зашто директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало околу 694.000 вработени, од кои приближно 85.000 биле неформално ангажирани. Тоа е сериозен предизвик кој бара системски решенија.

- Advertisement -
Ad image

Ова го изјави денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши на настанот во Владата по повод презентација на Законот за работно ангажирање лица.

Со Законот, рече тој, се воведува пофлексибилен и поедноставен модел за легално ангажирање, со јасна правна рамка и електронски процедури за пријавување, одјавување и уплата на придонеси. Законот овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права.

Корисниците на гарантирана минимална помош не ги губат социјалните и детските права, невработените не се бришат од евиденцијата и не го губат паричниот надоместок, пензионерите го задржуваат правото на пензија, а студентите и учениците ги задржуваат правата од образовниот систем.

– Со овој Закон испраќаме јасна порака дека државата е решена системски да ја сузбива сивата економија и активно да ја поддржува формалната економија. Тоа значи повеќе формални работни места, поголема сигурност за работниците и стабилна, предвидлива и фер деловна клима за компаниите кои инвестираат и придонесуваат за растот на македонската економија – рече Дурмиши.

Министерството, како што беше најавено на настанот, ќе почне кампања за промоција на Законот под мотото “Фер ангажман”.

-Во првата фаза, Законот ги опфаќа дејностите каде што сивата економија е најизразена – земјоделството, шумарството, рибарството, објектите за сместување, сервисните дејности за храна и дејностите во домаќинствата. Според анализите, се очекува формализација на до 12.000 сезонски работници во земјоделството и околу 5.400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите, односно вкупно опфаќање на околу 17.400 лица – рече Дурмиши.

Според него, оваа реформа носи конкретни придобивки и за работниците и за работодавачите – работодавачите добиваат флексибилност и поедноставени административни постапки, а работниците исплата по час, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда при работа или професионално заболување, како и јасна правна заштита на нивните права.

– Законот за работно ангажирање лица почна да се применува од 1 јануари 2026 година, а тековниот период беше наменет за техничка и институционална адаптација, со цел неговата имплементација да биде ефикасна, усогласена и функционална во пракса. Министерството за економија и труд и досега спроведуваше активни политики преку Оперативниот план за вработување, но анализите покажаа дека дел од лицата и понатаму остануваат надвор од формалните текови. Токму затоа беше донесен овој закон, кој претставува суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работна сила – рече Дурмиши.

Тој упати посебна благодарност до Германско друштво за меѓународна соработка(ГИЗ) за експертската и техничката поддршка во процесот на подготовка и имплементација на законот, до Агенцијата за вработување, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, како и до сите институции кои беа директно вклучени во воспоставувањето на функционален и ефикасен систем.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation