Background

Новинарка му пиша на Ѓоковиќ откако асот изјави дека „за првпат почувствувал топлина“

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Еден говор, неколку реченици и треперлив глас го отворија прашањето што со години стоеше потиснато. Кого навистина сакаше тенискиот континент Aвстралија и зошто најголемиот (ГОАТ) никогаш не го прифатија како свој?

- Advertisement -
Ad image

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ стоеше на Род Лејвер арената и зборуваше по поразот од младиот Шпанец Карлос Алкараз во финалето на Австралија опен.

Но, тој не плачеше за пропуштената 25. гренд слем титула. Гласот му се скрши кога зборуваше за љубовта што конечно ја почувствувал во Мелбурн. Љубов што, како што рече, никогаш порано не ја доживеал во Австралија, иако повеќе од две децении се враќа во јануари на истиот континент.

Говор што ја отвори старата рана

Мелбурн со години беше неговата тврдина по бројки. Десет титули, доминација без преседан, рекорди што ќе траат. Но, атмосферата ретко беше негова. Публиката често беше воздржана, понекогаш и отворено против него. Српските навивачи беа гласни, но изолирани. Останатиот стадион како да чуваше дистанца.

Токму таа дистанца ја препозна и австралиската новинарка Џорџи Паркер во текст објавен во „The Nightly“. Таа напиша јавно извинување во име на земјата, признавајќи дека Австралија го сакала погрешниот човек.

Никогаш доволно сакан

Во текстот Паркер потсетува дека Ѓоковиќ никогаш не бил миленик како асовите Роџер Федерер или Рафаел Надал. Неговата величина постојано морала да се докажува. Кај другите била земена здраво за готово.

„Кога (Ѓоковиќ) рече дека дури сега ја почувствувал таа љубов, тоа беше вознемирувачко“, напиша Паркер, додавајќи дека е срамно што најголемиот морал да чека до крајот на кариерата за да биде прифатен.

Депортацијата што промени сè

Над Австралија како уште да виси сенката од 2022 година, кога Ѓоковиќ беше задржан во имиграциски притвор и депортиран од Австралија пред турнирот поради неговите ставови во врска вакцинирањето против ковид-19. Случајот тогаш ја поларизираше јавноста во Австралија и остави длабока трага.

Новинарката Паркер во текстот признава дека неговите ставови за вакцинацијата одвратиле многумина, но но потенцира и дека несогласувањето со Ѓоковиќ не смее да ја избрише неговата бесмртност како спортист.

Ѓоковиќ, пишува таа, бил толериран, но не и прегрнат од Австралија. Почитуван по бројки, но не и по дух.

Историјата ќе биде пољубезна

Новите ѕвезди доаѓаат на тениското небо. Карлос Алкараз, Јаник Синер и другите веќе ги пишуваат свои приказни. Дебатата за тоа кој е најголемиот ќе продолжи. Но бројките на Ѓоковиќ се неумоливи.
Паркер завршува со едноставна, болна констатација.

„Историјата ќе биде љубезна кон Новак Ѓоковиќ. Само што Австралија можеше да биде љубезна многу порано“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation