Топ Вести - Слушај сега
Министерството за надворешни работи на Србија изрази загриженост во врска со новите и сè почести појави на истакнување симболи и пораки поврзани со идеологија од периодот на Втората светска војна, што предизвика масовно страдање на српскиот, ромскиот и на еврејскиот народ, како и на појавата на антисрпски графити во Хрватска.
„Јавните манифестации и собири не треба да станат полигон за истакнување пораки на омраза, историски ревизионизам и нетолеранција, туку можност за промовирање на меѓусебно почитување и толеранција“, се вели во соопштението.
Министерството посочува дека „верува дека трајната стабилност и меѓусебната доверба во регионот може да се градат исклучиво преку отворен и одговорен дијалог, меѓусебно почитување и преку внимателен став кон сложените страници од заедничката историја“.
„Република Хрватска, како земја членка на Европската Унија, треба да игра значајна улога во промовирањето на тие принципи и во придонесот кон атмосфера на разбирање, толеранција и подобрување на добрососедските односи“, пишува МНР на Србија.
На плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб синоќа навивачи ја поздравија хрватската ракометна репрезентација, која во неделата го освои бронзениот медал на ЕП во Данска, а контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон настапи на приемот организиран од Владата на Хрватска, и покрај забраната од градските власти. Меѓу хрватските знамињата што се вееја, можеше да се види и знаме на некогашната паравојска ХОС со забранетиот усташки поздрав „За дом спремни“.
Во Хрватска, усташките симболи и графитите на омраза повторно се појавија, испишани на влезот во српското село Глушци во општина Метковиќ, јавија српските медиуми.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
