Background

Поранешниот шампион на Гренд Слем го прекинал контактот со својата ќерка

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

– Можете ли да ми испратите пари за храна и засолниште? Сега сум бездомник и заглавена благодарение на мојот поранешен – пишува покрај својата фотографија на која е полулегната на улица Шарлот Настасе, ќерка на романската тениска легенда и некогаш најдобриот играч во светот, Илија Настасе (79).

- Advertisement -
Ad image

 

Познатиот Романец тврди дека не е заинтересиран за нејзините проблеми.

Илија Настасе беше најдобриот играч во светот во текот на 1970-тите, и ги освои Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, додека беше двапати поразен во финалето на Вимблдон.
За време и по неговата играчка кариера, тој стана мултимилионер, а парите ги инвестираше и во одгледување на четирите деца. Сепак, тој повеќе нема никаков контакт со 35-годишната Шарлот Настасе, која е сега бездомничка во Соединетите Држави.

Според романскиот Digisport, Шарлот живее на улица во Соединетите Држави и ги моли пријателите за храна и засолниште преку социјалните мрежи. Поранешниот шампион на Гренд слем го прекинал контактот со својата ќерка откако таа почнала да објавува фотографии и содржини за возрасни на платформата OnlyFans во 2021 година.

Тој вели дека ѝ посакува добро здравје, но дека повеќе не е заинтересиран за неа. Додал и дека инвестирал сериозни пари во нејзиното воспитување и образование.

– Ѝ посакувам добро здравје, но ја молам да престане со овие скандали. Таа си оди по својот пат. Јас ѝ помогнав кога ѝ требаше, ѝ платив школарина од речиси половина милион евра. Таа сега е во САД, а јас сум во Романија, веќе не ми е гајле. Секој си има свој живот – рекол Настасе претходно за својата ќерка.

Настасе владееше на АТП ранг-листата во 1973 и 1974 година. Тој е во Меѓународната тениска сала на славните од 1991 година. Го освои Отвореното првенство на САД во 1972 година и Отвореното првенство на Франција во 1973 година, како и три титули на Гренд слем во двојки и две титули во мешани двојки.

Сепак, беше познат и по бројни скандали, како што се коментарите за бременоста на Серена Вилијамс или несоодветното однесување на Фед купот во 2017 година, кога беше отстранет од клупата како капитен на романската репрезентација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation