Топ Вести - Слушај сега
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 % во декември 2025 во однос на декември 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Поголем пад на бројот на работници во индустријата и тоа од 3,5% се добива кога се споредуваат податоците за периодотт јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година.
За годишниот пад ( декември 2025 – декември 2024) најзаслужен е секторот рударство каде што бројот на работници е намален за 6%. Следуваат преработувачката индустрија со намален број на работници за 2,7%, и секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со пад од 0,5%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември
2025 година, во однос на декември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2,5%, Капитални производи за 4,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8%, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4 %.
| XII 2025 XII 2024 |
I-XII 2025 I-XII 2024 |
XII 2025 Ø2024 |
XII 2025 Ø2021 |
|
|---|---|---|---|---|
| Вкупно | 97.2 | 96.5 | 95.2 | 95.6 |
| АЕ Енергија | 97.5 | 97.5 | 96.4 | 90.3 |
| АИ Интермедијарни производи, освен енергија | 98.2 | 99.6 | 98.5 | 89.9 |
| ББ Капитални производи | 95.7 | 93.1 | 91.5 | 121.8 |
| ЦД Трајни производи за широка потрошувачка | 104.0 | 110.0 | 110.7 | 124.0 |
| ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка | 96.7 | 95.7 | 94.4 | 82.8 |
| Б Рударство и вадење на камен | 94.0 | 97.2 | 93.6 | 93.3 |
| 05 Вадење на јаглен и лигнит | 93.5 | 95.1 | 91.6 | 91.0 |
| 07 Вадење на руди на метал | 94.6 | 98.5 | 94.9 | 97.9 |
| 08 Вадење на други руди и камен | 93.3 | 99.6 | 96.0 | 86.9 |
| В Преработувачка индустрија | 97.3 | 96.3 | 95.1 | 95.9 |
| 10 Производство на прехранбени производи | 100.6 | 99.2 | 99.4 | 91.2 |
| 11 Производство на пијалаци | 102.3 | 103.9 | 104.9 | 116.6 |
| 12 Производство на тутунски производи | 104.1 | 107.5 | 123.7 | 111.9 |
| 13 Производство на текстил | 96.6 | 95.1 | 92.9 | 89.9 |
| 14 Производство на облека | 92.4 | 91.1 | 86.6 | 65.5 |
| 15 Производство на кожа и слични производи од кожа | 90.7 | 87.5 | 85.8 | 65.8 |
| 16 Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал |
84.9 | 96.5 | 88.7 | 69.1 |
| 17 Производство на хартија и производи од хартија |
96.7 | 98.4 | 97.8 | 86.5 |
| 18 Печатење и продукција на снимени медиуми (записи) |
95.5 | 94.5 | 94.2 | 84.6 |
| 20 Производство на хемикалии и хемиски производи |
100.2 | 102.4 | 101.6 | 111.3 |
| 21 Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати |
101.3 | 103.9 | 103.1 | 123.1 |
| 22 Производство на производи од гума и производи од пластични маси |
103.6 | 103.7 | 105.8 | 95.6 |
| 23 Производство на други неметални минерални производи |
98.0 | 99.0 | 98.2 | 86.6 |
| 24 Производство на метали | 101.4 | 101.0 | 101.4 | 88.4 |
| 25 Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема |
99.4 | 98.5 | 98.4 | 81.4 |
| 26 Производство на компјутерски, електронски и оптички производи |
110.7 | 102.9 | 109.9 | 114.1 |
| 27 Производство на електрична опрема | 99.1 | 102.5 | 101.4 | 99.5 |
| 28 Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место |
100.0 | 113.2 | 111.4 | 131.1 |
| 29 Производство на моторни возила, приколки и полуприколки |
94.9 | 90.9 | 89.2 | 124.1 |
| 30 Производство на останата опрема за транспорт |
100.0 | 100.0 | 100.0 | 92.7 |
| 31 Производство на мебел | 97.7 | 97.8 | 98.1 | 88.5 |
| 32 Останата производствена индустрија | 100.6 | 100.5 | 101.1 | 89.7 |
| 33 Поправка и инсталирање на машини и опрема | 96.6 | 99.1 | 96.6 | 105.3 |
| Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
99.5 | 98.8 | 98.9 | 94.4 |
| 35 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
99.5 | 98.8 | 98.9 | 94.4 |
Tagged as:
Рударството лидер со пад од 6%
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
