Background

КОГО ЧЕКА ТРЕНДАФИЛОВ ВО ПРАЗНА САЛА? – Владата и УПОЗ за в четврток закажаа средба

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Не знаеме кого лидерот на ССМ Слободан Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери, реагираше прес- службата на владата, откако лидерот на ССМ  Трендафилов објави дека во 9 часот останал сам во салата за состаноци бидејќи на средба, што тој ја закажа во петокот за денеска, не дошол премиерот Христијан Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Од вадата информираа дека веќе е закажана средба на премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот на УПОЗ за в четврток во 16.45 часот и тоа во просториите на Владата.

– Ова е конкретен доказ дека Владата не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати. Социјалниот дијалог се води таму каде што му е местото, во институциите, со јасен план и реална намера за изнаоѓање решенија. Сите обиди истиот да се претвори во лажни наративи и самоволни појавувања, се неодговорни и штетни по интересите на работниците, кои наводно се бранат. Владата останува цврсто посветена на конструктивен социјален дијалог, но нема да дозволи истиот да биде злоупотребуван за дневнополитички калкулации – велат од владата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖