Background

Неколку земји почнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруари, со цел намалување на зависноста од паметните телефони и враќање на контролата врз вниманието

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Неколку земји почнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруари, со цел намалување на зависноста од паметните телефони и враќање на контролата врз вниманието, пренесува белгискиот медиум РТБФ.

- Advertisement -
Ad image

Иницијативата доаѓа во период на растечко незадоволство од т.н. хиперповрзаност, обележана со неконтролирано скролање, анксиозност, замор од алгоритми и загриженост поради брзиот развој на вештачката интелигенција. Според телевизијата, времето поминато пред екраните сè повеќе се доживува како товар, а не како задоволство.

Штетните ефекти од прекумерната употреба на екрани, особено кај децата, се одамна видливи. Поради тоа, Високиот здравствен совет на Белгија препорачува живот без екрани, особено пред втората година од животот, без социјални мрежи пред 13-годишна возраст и без паметни телефони во училиштата.

Иако ваквите препораки варираат од земја до земја, нивната цел е заедничка – спречување на зависноста и негативните последици од дигиталната опседнатост уште од рана возраст. Кај возрасните, пак, откажувањето од вкоренетите дигитални навики е значително потешко, иако волјата постои. Според истражување, 64 проценти од Французите изјавиле дека би прифатиле „дигитална детоксикација“. Токму на тоа се надоврзува шпанската иницијатива OFF February, која годинава за првпат се спроведува и во Франција, Велика Британија и во САД. Предизвикот е едноставен – сите социјални мрежи да бидат избришани во текот на февруари.

Според Виктор Ферсинг, раководител на движењето, во Франција, целта е да се намали хиперповрзаноста и да се преиспита односот на луѓето кон екраните. Тој нагласува дека социјалните мрежи се дизајнирани да го задржат вниманието и да собираат податоци, а не да придонесат за благосостојбата на корисниците. Ферсинг предупредува дека постојаната дигитална поврзаност води кон изолација и ослабување на социјалните врски во реалниот свет. Иако трајното откажување од социјалните мрежи засега е тешко остварливо, организаторите се надеваат дека иницијативата ќе поттикне подолгорочна промена во начинот на нивна употреба. Целта, како што се наведува, не е целосна забрана, туку користење на социјалните мрежи само кога тоа е навистина неопходно.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation