Background

Од “Аснаџура” до можен сторител на казниво дело убиство?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Ѓуро Јовчески,„ренџерот“ од НП Галичица се жали на социјалните мрежи, но избегнува да одговори на клучни прашања за својата улога во смртта на српски државјанин во Охрид во 2013 година!

- Advertisement -
Ad image

Ѓуро Јовчески, познат по своите редовни жалопојки на Фејсбук, продолжува да се претставува како жртва, истовремено спомнувајќи го главниот уредник на медиумот Охридски иако наводно тој не бил достоен за споменување. Но додека Јовчески упорно ја глуми улогата на загрозен, јавноста има право да бара одговори на сериозни прашања кои тој досега ги избегнува.

Прашања кои бараат итни одговори

Прашање 1: Која беше вашата улога во инцидентот во ноќниот клуб Хавана?

Во 2013 година, во ноќниот клуб Хавана во Охрид, до смрт беше претепан државјанин на Република Србија. Ова не е баналност – станува збор за човечки живот. Прашањата кои Јовчески мора да ги одговори се:

  • Дали сте биле активен учесник во тепачката како обезбедувач?
  • Дали истата вечер избегавте на планината Галичица?
  • Која точно беше вашата улога во овој трагичен инцидент?Кривично дело убиство не застарува..

Молчењето на ова прашање не е опција. Семејството на жртвата и јавноста заслужуваат вистина.

Прашање 2: Со кое овластување вршите претреси на граѓани?

Постојат информации дека Ѓуро Јовчески врши лични претреси на патници и претреси на возила на патниот правец низ планината Галичица. Уште позагрижувачки се информациите дека употребува “Стоп Полиција” палка при овие активности.

  • Со кое овластување ги вршите овие претреси?
  • Дали поседувате соодветна лиценца и овластување од Министерството за внатрешни работи?
  • Или станува збор за самоволно преземање на полициски овластувања?

Ваквите постапки, доколку се вистинити, претставуваат сериозно казниво дело – злоупотреба на службена положба или, уште потешко, преземање на надлежности кои не ви припаѓаат.

Прашање 3: Зошто само вие имате клуч од планинарската куќа Аснаџура?

Планинарската куќа Аснаџура е сопственост на Националниот парк Галичица – јавна институција финансирана од даночните обврзници. Оваа куќа е наменета за сите планинари, посетители и љубители на природата. Меѓутоа, постојат сериозни наводи дека Ѓуро Јовчески си ја присвоил куќата и дека само тој има клуч.

  • Со кое право само вие поседувате клуч од јавна сопственост?
  • Зошто другите вработени во НП Галичица, граѓани и планинари немаат пристап до објект кој е наменет за јавна употреба?
  • На кого точно му свирите серенади на гитара во објект кој му припаѓа на народот?
  • Дали Националниот парк Галичица е свесен за оваа приватизација на јавна сопственост?

Ова не е мала работа. Присвојувањето на јавна сопственост за лична употреба е казниво дело. Доколку Јовчески навистина е единствениот што има пристап до Аснаџура, тогаш станува збор за отворена злоупотреба на јавен ресурс и директна штета за сите граѓани кои имаат право да ја користат оваа планинарска куќа.

Од жртва до обвинет: Улогата на јавноста

Она што е карактеристично за Јовчески е постојаната улога на жртва што ја глуми на социјалните мрежи. Секоја критика ја презентира како прогон, секое прашање како напад. Но кога прашањата се поврзани со можно учество во смртоносен инцидент, со самоволни полициски овластувања и присвојување на јавна сопственост, тогаш улогата на жртва повеќе не функционира.

Јавноста не бара реванш – јавноста бара одговори. Транспарентност. Вистина.

Што очекуваме од институциите

Од Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Националниот парк Галичица очекуваме:

Итна истрага за улогата на Ѓуро Јовчески во инцидентот во клубот Хавана од 2013 година. Доколку постојат основи за сомневање, предметот мора повторно да се отвори.

Провера на овластувањата – дали Јовчески поседува легитимно овластување за вршење на претреси и употреба на полициска опрема. Доколку не поседува, следуваат сериозни правни последици.

Итна ревизија од Националниот парк Галичица – кој има клучеви од планинарската куќа Аснаџура, под кои услови се користи објектот, и зошто само едно лице има ексклузивен пристап до јавна сопственост. Доколку Јовчески навистина си ја присвоил куќата, мора да следат правни мерки и враќање на објектот во јавна употреба.

Продолжува…

Ова се само првите прашања. Ќе продолжиме да поставуваме прашања се додека не добиеме одговори. Јавноста има право да знае, а институциите имаат обврска да дејствуваат.

Господине Јовчески, доволно е со жалопојки. Време е за одговори.

П.С.На овој начин ги броите птиците на Голем Град ,ова ли е службена употреба на Скутерот на вода?

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation