Општина Дебрца со конкретна финансиска поддршка за семејствата и младите
Топ Вести - Слушај сега
ЗАД СЕКОЈ НОВ ПОЧЕТОК СТОИ ОПШТИНА ШТО СЕ ГРИЖИ

Како Општина, јасно и одговорно стоиме зад семејствата, младите и секој наш сограѓанин на кого му е потребна поддршка. Затоа воведуваме конкретни мерки со директна финансиска помош:

100.000 денари за трето и секое наредно новородено дете;

6.000 денари за прво и второ новороденче;

30.000 денари поддршка за млади до 30 години кои првпат склучуваат брак;

6.000 денари поддршка за лица над 30 години при склучување брак;

Еднократна парична помош за лекување;

До 30.000 денари помош за семејства погодени од пожари и поплави;

Социјални пакети со храна и средства за хигиена за социјално загрозени лица, самохрани родители и семејства во ризик;

Мерките се наменети за жители со постојано место на живеење во Општина Дебрца и се реализираат согласно буџетските можности.

Ова не се празни зборови, туку реална грижа и конкретна поддршка.

Силна општина се гради со силни семејства.
Заедно ја градиме иднината на Дебрца.
