Background

АФЕРА ЈОВЧЕСКИ: Од пијано возење на службено возило до 30.000 евра исчезната наплата годишно во НП Галичица

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Недопирливиот шериф на Галичица

Раководителот на ренџерска служба и раководител против пожари во НП Галичица, кој се претставува како жртва, всушност беше недопрениот Волк во националниот парк. Но да одиме редоследно низ документацијата која го разоткрива вистинското лице на Ѓуро Јовчески – човекот кој две децении манипулираше со националниот парк како да е негова приватна фирма.

1. ПИЈАНО ВОЗЊЕ И УНИШТЕНО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО

Како службеното возило заврши во прегратките на Галичица

- Advertisement -
Ad image

Јовчески долги години ужива привилегија да ги користи службените возила на националниот парк за приватни цели. Но еден инцидент особено го илустрира неговото однесување: службеното возило Фијат Панда со регистрација OH-960-BO заврши тотално уништено, со целосно разбиено предно ветробранско стакло и значителна штета на каросеријата.

Како кружат информациите, Јовчески го управувал возилото во пијана состојба кога настанал инцидентот. Целиот настан бил сокриен од тогашниот менаџерски тим, што покренува неколку критични прашања:

  • Зошто не е поднесена пријава во полиција за управување во алкохолизирана состојба?
  • Зошто не е поднесена пријава до осигурителна компанија?
  • Кој го прикри инцидентот и зошто?
  • Колку службени возила Јовчески ги користел за приватни цели?(сите возила имаат Џипиес и може да се изврши контрола
  • Каква дисциплинска мерка е презмена против Јовчески?

Прилагаме фотодокументација од инцидентот која јасно го покажува степенот на штета на возилото.

2. ФИНАНСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ: 30.000 ЕВРА ГОДИШНО ИСЧЕЗНАТИ

Шерифот на наплатата во Свети Наум и Галичица

Јовчески долги години бил главниот одговорен за наплата на:

  1. Кајчиња и сплавови во комплексот Свети Наум
  2. Наплата на премин и посета со возила преку националниот парк Галичица
  3. Наплата за патници и туристи

Невообичаениот скок во приходите

Податоците зборуваат сами за себе. Од оваа наплата исчезнувале фантастични 30.000 евра по сезона. Но веднаш по разрешувањето на Јовчески од оваа позиција, се случи нешто невообичаено:

  • Првата година по неговото разрешување: Наплатата скокнала за 30.000 евра
  • Втората година: Наплатата дополнително се зголеми за фантастични 170.000 евра

Критичните прашања

Овие податоци го покренуваат очигледното прашање:

Што правеше Ѓуро Јовчески со прометот во Националниот парк Галичица?

Дополнителни прашања што бараат одговор:

  • Каде завршија 30.000 евра годишно низ повеќе години?
  • Кој го аминувал и штителе ваквото криминално однесување на Јовчески?
  • Зошто финансиската контрола не реагирала порано?
  • Дали има формирана истражна комисија?

3. ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Кога жртвата сака да биде херој

Но кога ќе сакаш да глумиш жртва, кога си мајстор по тужење, тогаш тоа ти се враќа како бумеранг. Јовчески ја тужил својата матична установа за некаква надоместок за неисплатени вишок работни часови.

Судската пресуда: Двојна евиденција

Јовчески предметот го губи пред:

  • Основен суд Охрид
  • Апелационен суд

Судското образложение е уништувачко за Јовчески:

Судот утврди дека Јовчески цело време водел двојна евиденција, поточно вршел фалсификување на службена исправа, каде тој секојдневно, и кога седел дома, по кафани и ресторани, во книгата за работна евиденција си запишувал прекувремени часови!

Обвинителен акт

За ова дело, обвинителот согласно пресуда на Основен суд Охрид покренал обвинителен акт против Ѓуро Јовчески за:

  1. Фалсификување и уништување на деловни книги
  2. Злоупотреба на службена положба и овластување

4. СИСТЕМАТСКИ ОБВИНУВАЊА:ДРЖТЕ ГО КРАДЕЦОТ!

Двадесет години ист образец

Според наводи на извори блиски до случајот, Јовчески веќе две децении води систематска кампања на обвинувања против секое раководство што дојде на чело на НП Галичица. Образецот е секогаш ист: новото раководство е криминално,корумпирано,работи против интересот на паркот.

Единствениот чесен човек? Секогаш Ѓуро Јовчески.

Критички став

Како е можно сите досегашни директори – луѓе со различни политички профили, од различни периоди, со различни управувачки стилови – сите да се криминалци, а само една личност да е чесна? Ова повеќе личи на класичен манипулативен образец: Држте го крадецот!– викаат оние што крадат.

5. ВОЛОНТЕРИ НА ГАЛИЧИЦА & ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА

Од село Велгошти до државни канцеларии

Кулминацијата на оваа приказна доаѓа со формирањето на здружение на граѓаниВолонтери на Галичица. Според регистарските документи, здружението има официјално седиште во село Велгошти, општина Охрид. Меѓутоа, во практиката, Јовчески не работи од ова село.

Наместо тоа, тој неовластено ги присвоил државните канцеларии на НП Галичица во Охрид, каде организира настани, коктел-забави и дели благодарници во име на приватното здружение – сè тоа користејќи ги просториите, ресурсите и инфраструктурата на јавната установа.

Официјалниот демант на НП Галичица

Настанот бил организиран без одобрение од ЈУ НП Галичица, во службените простории на установата, од страна на приватно здружение, што е спротивно на законските и интерните акти што го уредуваат користењето на јавни простории и ресурси;

Благодарници во име на државата од приватно здружение

Еден од најпроблематичните аспекти на случајот се благодарниците што Јовчески ги доделувал на настани организирани во име на Волонтери на Галичица.

На настанот биле доделувани благодарници на субјекти за поддршка на Националниот парк Галичица, иако настанот бил организиран од приватно здружение. Поддршката што ја даваат правни и физички лица е насочена кон ЈУ Национален парк Галичица, а не кон приватни здруженија.

Со други зборови: Јовчески доделувал признанија за донации наменети за државната установа, но тоа го правел преку свое приватно здружение, создавајќи впечаток дека тој, а не официјалното раководство, е тој што го претставува паркот,лажно преставување до крај.

6. ПРАВНА АНАЛИЗА: КРШЕЊЕ НА ЗАКОНИТЕ

Врз основа на наводите и официјалниот демант, Ѓуро Јовчески потенцијално ги прекршува следните законски одредби:

6.1. Незаконско користење на јавни простории

Закон за заштитени подрачја (Службен весник на РМ бр. 67/04)

Член 32: Установите за управување со заштитени подрачја се јавни установи. Користењето на нивните простории за приватни цели без согласност е незаконско.

Прекршок: Организирање приватни настани во државни канцеларии без одобрение.

6.2. Злоупотреба на службена положба и овластување

Кривичен законик на РСМ

Член 353: Злоупотреба на службената положба и овластување – службено лице кое, користејќи ја својата службена положба или овластување, преку надминување на границите на својата службена положба или овластување ќе прибави за себе или за друг каква било корист.

Казна: Затвор од шест месеци до пет години

6.3. Потенцијално изнудување

Кривичен законик на РСМ

Член 258: Изнудување – тој што со сила или сериозна закана дека непосредно ќе нападне на животот или телото на лицето ќе го принуди да направи или да не направи нешто или да трпи нешто против својата волја.

Казна: Затвор од една до десет години

Релевантно: Ако Јовчески навистина им заканувал на прекршителите дека ќе ги пријави доколку не донираат, станува збор за класично изнудување.

6.4. Измама

Кривичен законик на РСМ

Член 247: Измама – тој што со намера противправно да го оштети имотот на друг, со доведување во заблуда или со искористување на заблудата на некое лице, ќе го наведе на дејствија на штета на својот или туѓ имот.

Казна: Затвор од шест месеци до пет години

6.5. Клевета и навреда

Кривичен законик на РСМ

Член 173: Клевета – јавното тврдење или ширење на невистинити информации кои можат да го повредат угледот и честа на друго лице.

Релевантно: Систематските обвинувања за ‘криминал’ против сите раководства во историјата на НП Галичица, без докази и без покрената постапка.

6.6. Судир на интереси

Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси

Член 3: Службено лице не смее да ја користи службената положба за остварување лична корист или корист за друго лице.

Јовчески, како службено лице во НП Галичица, истовремено е претседател на приватно здружение кое оперира од истите простории.

7. КРИТИЧНИ ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОР

Овој случај отвора бројни прашања што бараат итен одговор од надлежните институции:

За инцидентот со возилото:

  • Зошто не е поднесена пријава во полиција за управување во алкохолизирана состојба?
  • Зошто не е поднесена пријава до осигурителна компанија?
  • Кој го прикри инцидентот и зошто?
  • Колку службени возила Јовчески ги користел за приватни цели?
  • Каква дисциплинска мерка е презмена против Јовчески?

За финансиските малверзации:

  • Каде завршија 30.000 евра годишно низ повеќе години?
  • Колку вкупно пари се присвоени во период од 10-15 години?
  • Кој го аминувал и штитеше ваквото криминално однесување?
  • Зошто финансиската контрола не реагирала порано?
  • Дали има формирана истражна комисија?

За институционалната одговорност:

  • Дали Државниот инспекторат за животна средина води постапка или знае за овој случај?
  • Дали Комисијата за спречување на корупција е запознаена?
  • Колку пари се собрани преку ‘Волонтери на Галичица’ и каде тие пари завршиле?
  • Дали Јавното обвинителство ќе покрене истрага?
  • Зошто НП Галичица толку долго толерирало присвојување на нивните простории?
  • Каква е улогата на синдикатот во заштитата на Јовчески?

8. ОД МАНИПУЛАЦИЈА ДО ОДГОВОРНОСТ

Случајот на Ѓуро Јовчески е повеќе од приказна за еден проблематичен вработен. Тоа е приказна за тоа како системот може да биде злоупотребен кога нема одговорност, кога институциите молчат, кога стравот владее.

Кумулативната слика е загрижувачка:

  • Управување во алкохолизирана состојба и уништување на службено возило
  • Исчезнување на 30.000 евра годишно од наплатата
  • Фалсификување на работна евиденција потврдено со судска пресуда
  • Обвинителен акт за злоупотреба на службена положба
  • Незаконско користење на државни простории за приватни настани
  • Систематски обвинувања против сите раководства во текот на 20 години

Демантот на НП Галичица е јасен и недвосмислен:

ЈУ Национален парк Галичица ја задржува својата заложба за транспарентност, законитост и заштита на институционалниот интегритет и информира дека сите прашања поврзани со однесувањето на вработените се решаваат преку соодветни законски и институционални постапки.

Но, демантот не е доволен. Потребни се конкретни дејствија, истраги, одговорности.

Завршна порака

Националниот парк Галичица е природно богатство што му припаѓа на сите граѓани на Македонија. Тој не смее да биде приватна канцеларија на ниедно лице, колку и да се смета тоа лице за заштитник на паркот.

Како што вели народната поговорка:Држте го крадецот! викаат оние што имаат што да кријат.

Време е граѓаните, медиумите, Јавното обвинителство и надлежните институции да одговорат на еден едноставен прашање:

П.С.За незаконскиот лов на елени и диви свијни на Галичица – нахнадно..

С.Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation