Топ Вести - Слушај сега
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите, истакнувајќи дека за минималната плата мора да постапува по закон.
– Понудивме зголемување на платите на административните службеници за околу 40 проценти, ССМ го одби покачувањето. А во делот на минималната плата, согласно закон, ние мораме да постапуваме според закон. Ќе има зголемување и нивелирање. Првиот момент кога работниците и работодавачите ќе се договорат, ние како странка тоа ќе го поддржиме и ќе го примениме, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук, споделувајќи го неговото вчерашно излагање во Парламентот на оваа тема.
Мицкоски вчера на пратеничко прашање посочи дека понудената опција сè уште стои на маса до сите административни службеници и оти кога тоа ќе се реши, 99 проценти од администрацијата ќе имаат регуларан однос со Владата како работодавач.
На административните служби потсети дека уште мината година им понудиле зголемување на платите од март 2026 година до истиот период 2028 година за речиси 40 отсто под услов изнаоѓање формулација на еден заеднички колективен договор, што, наведе, било одбиено од ССМ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
