Background

Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.

- Advertisement -
Ad image

Новиот состав го сочинуваат Бојан Маричиќ, претседател на Комисијата, Абдуш Демири, потпретседател, и членовите Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Претседателот на ДИК, Маричиќ, во името на сите членови се заблагодари за двотретинската поддршка од сите 83 пратеници што гласале за нивниот избор. Потенцира дека оваа функција е сериозна одговорност и доверба, која мора да се оправда.

– Знаете дека во изминатиот период, последните десетина години, ДИК била секогаш на ниво на задачата и фактот што досега немало проблеми со изборниот процес укажува дека веќе креираме таква традиција, институционална меморија. Ние ќе продолжиме во тој дух – рече тој.

Маричиќ информира дека денеска од спикерот Гаши биле поканети и прифатиле да учествуваат во работната група за Изборниот законик за, како што посочи, да придонесат новиот законик да е поквалитетен.

– На дневен ред е разгледување на измените на Изборниот законик или нов Изборен законик. Ние тоа ќе го следиме со големо внимание. И во разговорот со претседателот на Собранието бевме поканети да учествуваме во работната група. Се разбира дека ќе прифатиме, за да бидеме на ниво на должноста и да придонесеме новиот Изборен законик да има што подобар квалитет и да има своја практична примена. Државната изборна комисија може да помогне во тој дел – нагласи Маричиќ.

Државната изборна комисија е составена од седум члена – претседател, потпретседател и пет други члена, со право на повторен избор. Нивниот мандат е четири години. Политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на ДИК, а партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК. Сите нив ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Кандидатите за членови на ДИК треба да бидат државјани на Македонија со постојано место на живеење, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation