Background

Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сѐ уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот, бидејќи во минатата сезона имавме два пика

Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сѐ уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот, бидејќи во минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, можеби е последниот, но не значи дека нема да има нов пик и ново зголемување на бројот на заболени, изјави денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

Според податоците, во моментов во Македонија има среден интензитет на активност на вирусот.

– Во текот на четвртата недела од годинава во период од 19 јануари до 25 јануари во Македонија се пријавени 1.708, случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, што е за 17,2 проценти помалку споредено со претходната недела кога бројот беше 2.062 – истакна д-р Андоновска.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.029 заболени се на возраст од 15 до 64 години, 253 се лица на возраст над 65 години, 243 се деца на возраст од пет до 14 години, 183 деца се на возраст до четири години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

– Во однос на градовите, во Дебар и во Кратово се бележи многу висока активност на грипот. Во Охрид, Кавадарци и во Струмица има висока активност, во 9 града има средна активност, во 12 града се бележи сезонска активност, а во 2 града има многу ниска активност – рече д-р Андоновска.

Таа потенцира дека и натаму продолжуваат да важат препораките на ИЈЗ за лицата да се заштитат, а тоа е да се избегнуваат собирања во простории каде што има повеќе лица или ако е потребно да бидат во такви простории да носат маска.

– Посебно да водат сметка и да внимаваат на здравјето ранливите категории, повозрасните лица над 65 години, хронично болните, децата, трудниците. Доколку имаат сомнеж дека некое лице е заболено или покажува симптоми треба да се избегнуваат контакти со него. Оние кои се веќе дијагностицирани или имаат грип тие треба да останат дома. Децата да не се носат во училиште ако имаат симптоми со цел побрзо да закрепнат и да нема трансмисија на вирусот. Нашите препораки се исти како и претходно – да се остане дома, да се одмора и да се следат советите од матичниот лекар – додаде д-р Андоновска.

Оваа сезона се регистрирани три смртни случаи од грип во земјава.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation