Топ Вести - Слушај сега
Премиерот Христијан Мицкоски очекува по изборот на јавниот обвинител голем број предмети држени во фиока да влезат во процедура и јавноста да види кој ја води опозицијата и што се случувало во Македонија седум години додека владееле СДСМ и ДУИ.
Премиерот оцени дека изјавите на Жан Митрев се загрижувачки, но дека не се нешто досега непознато во јавноста.
– Тоа се изјави кои кореспондираат со гласини што ние веќе сме ги слушале – за обиди за упад, преземање бизнис, користење службена положба за вршење влијание или притисок, но не е тоа единственото нешто. Имам чувство дека во периодот што следи, а посебно по изборот на јавниот обвинител, голем број наши сограѓани ќе се охрабрат да споделат јавно свои искуства што ги доживеале со претходната влада и дека голем број предмети држени во фиока ќе влезат во процедура. Ако ова мое чувство се потврди како точно, граѓаните ќе слушнат во детали што се случувало седум години и кој е тој што ја води опозицијата или опозициските партии во Македонија – истакна Мицкоски.
Тој додаде дека требало да поминат неколку дена за Обвинителството да почне истрага по тврдењата на Жан Митрев.
– Колку што сум информиран, тој рече дека има и докази. Очекувам, по презентирањето на тие докази Обвинителството да си ја заврши работата, а во периодот што следи имам чувство дека македонската јавност ќе види и слушне што се случувало во Македонија за време на седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ и што сѐ морале некои структури во државата да трпат во периодот на брутален напад и обиди за преземање бизнис, рекетирања. Голем дел од предметите кои беа држени во фиока ќе бидат извадени во јавноста и таа ќе види зошто и кои обвинители ги држеле во фиока, која е цената и зошто тоа е правено – потенцира премиерот.
Tagged as:
МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА НОВИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ДА ИЗВАДИ КУП ПРЕДМЕТИ ДРЖЕНИ ВО ФИОКИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
