Топ Вести - Слушај сега
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција.
Ова е ставот на Комисијата по информацијата на Финансиската полиција дека поднела кривична пријава против претседателот на РКЕ Марко Бислимоски .
РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на компанијата „Тритерол Петрол“ е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци.
Оттаму додаваат дека Комисијата нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
