Работниците останале без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Манасиевски вели дека со тоа се покажала на дело политичката заробеност на ССМ, од страна на СДСМ.
-Дека на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски како и ССМ како синдикат не им е грижа за работниците, се докажува по тоа дека одбиле 40% зголемување на платите за административните службеници или минимум во бројка, над 10.000 денари за само две години од денес. Сето ова, само поради послушноста и потчинетоста кон СДСМ – вели Манасиевски.
Тој појаснува дека доколку овој предлог односно ова зголемување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ било прифатено од гранковиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски и ССМ предводен од Слободан Трендафилов, минималната плата ќе изнесувала минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година.
-Единствениот услов од Владата е да се потпише нов колективен договор до 2028 година, поради тоа што моменталниот е нејасно напишан и различно е толкуван, а згора на се и е истечен. Но, поради политичкото заробеништво на ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, од страна на СДСМ, тие одлучија да шуруваат со нив, сакајќи на овој начин да и наштетат на државата. Но не сфаќаат дека со ова наштетуваат на работниците, оние на коишто тие велат дека им мислат добро – вели Манасиевски.
Тој оцени дека поддршката од СДС и Левица за ССМ е само доказ дека тие немаат никаква искрена намера, туку само напад кон Владата, која дава се од себе за зголемување на платите и на пензиите, како што впрочем тоа го докажавме во образованието, во здравството, во полицијата, Министерството за одбрана, социјалата и за пензионерите.
Tagged as:
Манасиевски вели дека тие го одбија предлогот на владата за зголемување од 40%
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
