Топ Вести - Слушај сега
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Марко Беслимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластување, со што ѝ овозможил на една нафтена компанија незаконски да продолжи со работа повеќе од една година.
Според пријавата доставена до Основното јавно обвинителство Скопје, Беслимовски, иако бил законски обврзан, не покренал постапка за навремено одземање на лиценцата на компанијата „Тритерол Петрол ДООЕЛ Скопје“, која не ги исполнувала условите за вршење енергетска дејност.
Наместо лиценцата да биде одземена во јануари 2024 година, како што налагале законските рокови, претседателот на РКЕ донел решение со кое постапката била прекината. Лиценцата официјално била одземена дури во април 2025 година – со задоцнување од цели 15 месеци.
Во тој период, компанијата продолжила да тргува со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива, течен нафтен гас и други енергенси, а учествувала и во јавни набавки, иако за тоа немала законско право.
Од Финансиската полиција наведуваат дека со ваквото постапување, „Тритерол Петрол“ остварила вкупен промет од над 194,5 милиони денари, а стекнала и противправна имотна корист од околу 14,1 милион денари.
Со пријавата, институциите сомневаат дека Беслимовски свесно ги прекршил прописите кои бил должен да ги спроведува, нанесувајќи штета на јавниот интерес и дозволувајќи незаконско работење на приватна компанија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
