Топ Вести - Слушај сега
Најверојатното сценарио по евентуален американски напад врз Иран е уривање на сегашниот режим и негова замена со силна воена власт, анализира Би-Би-Си.
Новата воена власт би била од истите структури на Корпусот на Исламската револуционерна гарда ИРГЦ, но во поинаков политички формат: не како теократски режим со ајатолах на врвот, туку како отворена воена хунта или „совет на генерали“.
Токму оваа опција медиумот ја оценува како најреалистична од седум опции во контекст на слабата популарност на режимот и неговата историја со бројни протести и притисоци.
Американскиот удар, доколку биде нареден од претседателот Доналд Трамп, би ја отворил Пандорината кутија на Блискиот Исток.
1.Првата можност е ограничен, хируршки напад со прецизни воздушни и поморски удари врз бази на ИРГЦ и врз елементи од нуклеарната и ракетната програма на Иран.
Ова сценарио подразбира минимални цивилни жртви и надеж за политичка транзиција, но медиумот потсетува дека искуствата од Ирак и од Либија покажале дека вакви интервенции ретко носат стабилна демократија.
2. Втората варијанта предвидува опстанок на режимот во Техеран, но со ублажени политики. Иран би преживеал како Исламска Република, но би бил принуден да ја намали поддршката за регионалните милиции, да ги ограничи нуклеарните и балистичките програми и да го намали насилството врз сопственото население.
Би-Би-Си ова го сместува меѓу помалку веројатните исходи, поради истрајноста на сегашното раководство веќе 47 години.
3. Третото сценарио, кое медиумот го истакнува како најреално, е колапс на сегашниот политички врв и воспоставување воена власт. Протестите со години го нагризувале легитимитетот на режимот, но без масовни пребегнувања од безбедносните структури.
Во хаосот по американски удар, можно е токму тие структури на Гардата да ја преземат целосната контрола.
4. Четвртиот пат води кон директен ирански одговор со напади врз американски сили и сојузници во регионот. Иако Иран не може да се мери со американската воена моќ, неговиот арсенал од балистички ракети и дронови може да ги погоди базите во Заливот и критичната инфраструктура на држави што би се сметале за соучесници.
5. Петтото сценарио ја вклучува старата закана за минирање на Заливот. Ормутскиот Теснец, низ кој минуваат околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, би станал жариште со директни последици врз глобалната трговија и цените на енергенсите.
6. Шестата можност, иако оценета како помалку веројатна, е потопување на американски воен брод. Иранската стратегија на „напад од рој“ со дронови и брзи чамци може да предизвика огромен шок и понижување за САД, со несогледливи последици за ескалацијата.
7. Седмото и најмрачно сценарио е целосен распад на државата и тонeње во хаос. Граѓанска војна, етнички судири и бегалска криза би го дестабилизирале целиот регион. Соседите, како Катар и Саудиска Арабија, стравуваат токму од ваков вакуум на власт во земја со околу 93 милиони жители.
Би-Би-Си заклучува дека најголемата опасност лежи во моментот на одлука. Собраната американска воена сила во водите и небото околу Иран создава притисок за можно дејствување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
