Background

Судскиот совет денеска донесе одлука да се формира работна група за увид во предметот за постапување и одлучување на Основен суд Битола, во врска со случајот „Марковски“

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Судскиот совет денеска донесе одлука да се формира работна група за увид во предметот за постапување и одлучување на Основен суд Битола, во врска со случајот „Марковски“.

- Advertisement -
Ad image

Советот, на предлог на членот Ивица Николовски, со 11 гласа „за“ донесе одлука за формирање работна група што ќе проверува дали Основниот суд Битола постапил согласно со законските надлежности при укинувањето на притворот на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, во замена за гаранција од 4,9 милиони евра.

– Сите сме сведоци, сите ги читаме секојдневните написи на електронските медиуми во кои се изнесуваат наративи или содржина со кои се осудува постапувањето на тој суд или се нарушува угледот на судот. И затоа сметам дека како надлежна институција која ја следи работата на судовите треба да се изврши увид и да се констатира една состојба што е што – изјави Николовски.

За членови на работната група беа избрани Павлина Црвенковска, Данка Ристова и новата членка на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска.

Марковски е еден од осумте обвинети за злоупотреби на тендерот за дислокација на погонските единици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, вреден 1,7 милион евра.

Основното јавно обвинителство Битола на 9 октомври отвори истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола, меѓу кои и Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“. Кон крајот на октомври минатата година судот на барање на ОЈО Битола замрзна имот во Србија и во Македонија на Борче Марковски.

Битолскиот суд на 16 јануари годинава, постапувајќи по жалба на обвинетиот, донесе одлука за укинување на притворот и за определување мерки на претпазливот на Марковски во замена за гаранција во движен и недвижен имот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation