Топ Вести - Слушај сега
Во пресрет на туристичката седзона ќе се имплементира системот „One Stop“ на граничните премини со Република Албанија, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по денешната средба во МВР со министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на земјава.
– Сметам дека пред почетокот на летната сезона би можеле како што го имплементиравме „One Stop“ системот со Косово и со Србија да го имплементираме и со Албанија и да ги затвориме државите кои што не се дел од ЕУ со еден побрз трансфер на граѓаните кои што ќе ги намали чекањето на нашите граници – рече министерот.
Според него, се разгледува и можноста за менување на работното време на граничниот премин „Џепиште – Требиште”.
– Исто така ја разгледавме можноста граничниот премин Џепиште-Требиште во иднина, оној режим на функционирање кој што ги има сега, а тоа е во летен период до 8 часот, во зимски период до 18 часот, да го продолжиме согласно можностите и капацитетите на двете министерства, да функционира 24/7 во текот на годината. Со тоа ќе им овозможиме на граѓаните од едната и од другата страна да имаат подобра комуникација, да остваруваат поголем број на услуги од едната и од другата страна – нагласи министерот Тошковски.
Тој рече дека во разговорите со албанската колешка тема биле и активностите поврзани со нацрт-договорите меѓу двете влади за воспоставување заеднички контроли на заедничките гранични премини и за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
