Background

Паднаа две оставки по објавените материјали од државна секретарка

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Експлицитни фотографии и снимки од секретарка во министерство отворија афера во Црна Гора. Поранешниот шеф на тајната служба АНБ тврди дека неговиот мобилен телефон бил злоупотребен, додека материјалите се проширија во јавноста.

- Advertisement -
Ad image

Поранешниот директор на АНБ и поранешен советник за безбедност на претседателот, Дејан Вукшиќ, и државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права, Мирјана Пајковиќ, поднесоа оставки по објавувањето на 18 експлицитни видеоснимки.

И двајцата наведоа лични причини и тврдат дека се жртви во случајот, додека Агенција за национална безбедност јавно се дистанцира од каква било поврзаност со аферата.

Сè почнало со украден телефон?

Вукшиќ тврди дека клучот на целиот случај е кражбата на неговиот мобилен телефон во октомври 2024 година. Според него, телефонот бил нелегално земен од Пајковиќ и подоцна злоупотребен.

– Ги отфрлам сите неточни и тенденциозни обвинувања. Првпат ги видов овие содржини дури кога почнаа нелегално да циркулираат на социјалните мрежи – соопшти Вукшиќ.

Тој нагласи дека не учествувал ниту во создавање, ниту во дистрибуција на видеоснимките, додавајќи дека со кражбата му била грубо нарушена приватноста.

Аудио снимка и тврдења за закани

Во јавноста се појави и аудиоснимка на која, според Пајковиќ, Вукшиќ ѝ се заканува. Тој признава дека разговорот постоел, но тврди дека бил реакција на кражбата и злоупотребата на неговиот телефон.

– Зборовите што ѝ ги упатив беа непосредна реакција на кражбата и не можат да бидат доказ за кривично дело – наведе тој.

Вукшиќ тврди дека повикот бил направен од фиксен телефон во кабинетот на претседателот Јаков Милатовиќ, а аудиото подоцна било објавено селективно и со временско задоцнување од повеќе од една година.

 

 

Уцена од непознат број

Според Вукшиќ, во март 2025 година добил пораки од непознат број со видео и закани, со цел да се повлече од кандидатурата за судија на Уставниот суд. Поради тоа поднел пријава до полицијата против Пајковиќ и непознати лица.

Тој тврди дека подоцна бил контактиран со барање да „помогне“ околу нејзини ангажмани, што го протолкувал како нов обид за уцена поврзана со нејзината номинација за омбудсман.

– Сè е темпирано за моја дискредитација – истакна Вукшиќ.

Тој најави полиграфско тестирање и тужби против сите кои, според него, го лажно обвиниле.

„Цела Црна Гора ќе ги види“

Пајковиќ, пред оставката, поднесе 3 кривични пријави за неовластено ширење експлицитна содржина. Таа изрази сомнеж дека Вукшиќ, користејќи ја својата поранешна позиција, ѝ се заканувал со компромитирачки материјал.

Како доказ доставила аудиоснимка на која, според неа, се слуша закана дека „цела Црна Гора ќе ги види“ нејзините снимки.

Црногорската АНБ се оградува, обвинителството без став?

АНБ соопшти дека приватната преписка и содржината што циркулираат не се предмет на нивен интерес и не можат да се поврзат со агенцијата. Обвинителството засега не се огласило.

Во Црна Гора, неовластеното ширење интимни снимки, познато како „порнографија за одмазда“, е кривично дело казниво со затвор до 5 години, а ако е сторено против дете, од 2 до 10 години.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation