Топ Вести - Слушај сега
Дејвид (50) и Викторија Бекам (51) се појавија во Париз на модната ревија на Скијапарели, во придружба на нивните деца – ќерката Харпер (14) и синовите Круз (20) и Ромео (23).
Тоа беше нивното прво јавно појавување по избувнувањето на јавниот конфликт со Бруклин и неговата сопруга Никол Пелц, а она што беше особено значајно беше што сите се појавија – заедно.
Токму со ова му испратија на својот „одметнат“ син – јасна порака за единството и заедништвото што го негуваат во моментите кога тој реши да се дистанцира и да предизвика разгорување на расправијата во јавноста.
Двојката Бекам избра координирани црни комбинации: Дејвид беше во класично одело со вратоврска, Викторија во елегантен тесен фустан со висок прорез и високи потпетици.
Најмладата членка на семејството, Харпер, се појави во речиси идентична облека, исто така носејќи долг црн фустан сличен на оној на нејзината мајка.
Нивните помлади синови, Круз и Ромео, беа со нивните девојки, Џеки Апостел и Ким Трнбул кои се придружија на семејната фотографија откако на Викторија ѝ беше доделено модно признание.
Викторија Бекам му се заблагодари на семејството и на сопругот Дејвид Бекам откако го доби признанието Chevalière de l’Ordre des Arts et des Lettres од француското министерство за култура.
– Отсекогаш длабоко се восхитував на француската естетика и сериозноста со која таа се однесува кон модата: како форма на уметност. Затоа, да бидам признаена тука и прифатена на овој начин, е длабока привилегија – привилегија што одразува децении посветеност.
Искрена благодарност до француската министерка за култура, Рашида Дати, за оваа чест. Им благодарам и на деловните партнери кои веруваа во мене, на моето семејство, а особено на Дejвид – мојот сопруг и првичен инвеститор. Не би можела да бидам поблагодарна, вие сте моето сè xx – напиша Викторија покрај објавата на Инстаграм.
Дејвид на својот Инстаграм напиша посвета во која кажа дека е горд на Викторија порадии сè што постигнала: @victoriabeckham Да го добиеш признанието Chevalière de l’Ordre des Arts et des Lettres од страна на француското Министерство за култура… никој не го заслужува тоа повеќе од тебе x Те сакаме.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
