Background

Законот за „Безбеден град“ е еден од најважните закони што се донесени во Северна Македонија, бидејќи во својата суштина ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност на јавните простори

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Законот за „Безбеден град“ е еден од најважните закони што се донесени во Северна Македонија, бидејќи во својата суштина ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност на јавните простори, оценува движењето Вреди во соопштение.

- Advertisement -
Ad image

„Овој закон не е за камери или казни, туку за создавање услови секој граѓанин да се движи без страв и без ризик по животот. „Безбеден град“ значи побезбедни улици за пешаци, велосипедисти, корисници на електрични тротинети и лица со попреченост. Тоа значи дека мајката може да оди со своето дете без страв, дека граѓанинот нема да го изгуби животот поради туѓа невнимание и дека јавните простори им служат на луѓето, а не на сообраќаен хаос.

Овој закон директно има за цел да ги намали смртоносните несреќи и да ја подобри безбедноста на патиштата, особено на автопатите, регионалните патишта и градските булевари, каде што ризикот е реален и секојдневен. „Безбеден град“ е модерна алатка за менаџирање со јавната безбедност, која одговара на современите предизвици и ја доближува нашата земја до европските стандарди.

Денес, современите градови во Европа користат интегрирани системи за следење и брз одговор, бидејќи тие ја зголемуваат безбедноста, го намалуваат просторот за прекршоци и ги прават институциите поефикасни и попрофесионални. „Безбеден град“ е токму таков чекор кон држава која функционира подобро за своите граѓани.

Во врска со имплементацијата на системот, нагласуваме дека толеранциите на камерите ќе бидат идентични со оние што веќе ги применуваат полициските радари: толеранција од 6 км/ч за брзини до 100 км/ч и 8 км/ч за брзини над 100 км/ч. Ова јасно покажува дека целта не е казнување, туку спречување на прекршоци што ги загрозуваат животите на луѓето. Толеранцијата се однесува само на помали прекршоци и не се однесува на случаи на кривични сообраќајни прекршоци.

Пораката на Вреди е јасна: правилата постојат за да се почитуваат и да го заштитат животот. Безбедноста не е казна, безбедноста е колективна одговорност. „Безбеден град“ е закон за побезбедно, поуредно и похумано општество“ – се вели во соопштението на Движењето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation