Background

Законот за висока раководна служба става точка на непотизмот

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Топ тема” на Телма истакна дека Предлог-законот за висока раководна служба претставува клучен реформски чекор во насока на департизација, професионализација и зајакнување на мерит-системот во јавната администрација.

- Advertisement -
Ad image

– Овој закон не е изолиран случај, туку дел од поширок реформски пакет што го спроведуваме – заедно со Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор. Целта е јасна, да ставиме крај на партизацијата, непотизмот, вработувањата по партиски и други клучеви и да воведеме систем заснован на знаење, квалитет и професионален интегритет – нагласи Минчев.

Тој потенцираше дека силната политичка волја за реформи е јасно потврдена уште со формирањето на Министерството за јавна администрација, кое, и покрај почетните предизвици, веднаш започна со подготовка и носење на закони што повеќе од една деценија беа препорачувани во извештаите на Европската комисија, но не беа реализирани.

– Носењето на закон не е доволно само по себе. Затоа со Законот за висока раководна служба прецизно ги уредуваме условите, мандатите и контролата на високите раководни позиции, особено на ВД-функциите, со што директно ја намалуваме можноста за злоупотреби – изјави министерот.

Во однос на роковите, Минчев појасни дека иако е евидентирано доцнење во однос на првично планираните рокови, законот е поставен на ЕНЕР во декември 2025 година и веќе е отворен процесот на јавна и инклузивна дебата.

– Процесот го водиме транспарентно, отчетно и инклузивно, во партнерство со релевантни институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери, како Британската Амбасада и Центарот за управување со промени. Во договор со Европската комисија обезбеден е и грејс-период за финализирање на реформата, и уверен сум дека успешно ќе го заокружиме овој процес – истакна Минчев.

Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување суштински и одржливи реформи кои ќе резултираат со професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација во служба на граѓаните.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation