Background

НОВ ПРОТЕСТ НА КУМАНОВЦИТЕ КОИ РАБОТЕЛЕ ВО ИРАК И ВО АВГАНИСТАН

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Кумановци кои работеа за американските компании во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред зградата на општина Куманово. Тие уште еднаш побараа нивното прашање за данок на плата да се разгледа на советот на општината, бидејќи на последната седница градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги информираше советниците за посредувањето за средба помеѓу групата кумановци и надлежните од УЈП, но точката не беше ставена на совет.

- Advertisement -
Ad image

За време на протестот излезе градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој ги повика на средба дел од нив, која во моментов тече.

Кумановци кажаа дека се револтирани, зошто воопшто не е разгледана нивната точка, иако велат дека ги знаат ингеренциите на општината, дека советот не може да влијае врз даночната политика.

– На последната средба се договоривме да поднесете писмено барање за средба со директорката на Управата за јавни приходи, за да одржите средба со неа. Протестот е легитимно граѓанско право, повелете на средба, ќе се свика координација. Важно е дали вие суштински сакате да го решите проблемот или сакате да бидете предмет или инструмент на одредени политички партии. Важно е да се отвори дискусија, но советот може само да даде препораки, не може да задолжи повисок орган да постапи по барањата. Јас сум ваш градоначалник и во целиот процес сум на ваша страна, но морам да го почитувам законот – рече Димитриевски.

Учесниците на протестот кажаа дека доставиле писмен доказ до УЈП.

– На секој протест укажуваме дека си ги бараме своите права, дека во ниту еден случај не сме поврзани со никој, бараме решение за проблемот. Бараме од сите правна помош, сите поинаку ги толкуваат. Ние сме граѓани на овој град, со семејствата сме донеле милиони и милиони долари во Куманово, платени се секакви даноци и сегашниот данок за кој протестираме, 4, 8 проценти оди за општината. Нашите колеги од Босна и Херцеговина, од Хрватска, од Албанија, од Косово, Турција беа ослободени по основ дека 183 дена биле надвор од државата. Нејасно е зошто Македонија се однесува поинаку со своите граѓани. Колегите доставија „ letter of authorization“, има „СОФА договор“, познат на надлежни институции, МНР, министерство за одбрана, тие го искористија, само кај нас е проблем – кажаа кумановци.

Тие додадоа дека за нив е нејасно зошто, како што рекоа, „советниците не сакаат ниту на оваа тема“, како и дека им е важно поддршката, бидејќи 25 години вложуваат во градот. Протестот продолжува утре во Тетово со граѓаните кои имаат сличен проблем.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation