Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека го испраќа Том Хоман, познат како „граничниот цар“, во Минеаполис. Објавата на Трамп доаѓа по масовните протести кои избија во Минеаполис по убиството на 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети од страна на федерален агент на Службата за имиграција и царина.
Убиството на Прети е второ убиство кое ја вознемири јавноста во САД по убиството на жена од агент во истиот град.
Во меѓувреме, Републиканците бараат итна истрага за пукањето, додека Белата куќа најавува засилени федерални операции и директна контрола од Вашингтон.
Очевидецот Хавиер, кој побарал да не му се објави вистинското име од безбедносни причини, тврди дека лично го видел пукањето.
– Го гледав агентот како го застрелува. Без разлика дали сум го познавал или не, тој (Алекс Прети) почина за добра кауза – рекол Хавиер.
Очевидецот изјавил и дека по инцидентот бил приведен од федерални агенти и однесен во Федералната зграда Випл, каде што, според неговите зборови, бил задржан неколку часа заедно со уште дваесетина луѓе од истата населба. Подоцна биле ослободени, но стравот и гневот останале.
Политичката бура ја засени и Републиканската партија во Минесота. Кандидатот за гувернер Крис Мадел ненадејно се повлече од изборната трка, за најавените избори за Конгрес на 3 ноември. Мадел објасни дека не може да поддржи политика која, според него, се претворила во колективна казна.
– Не можам да бидам дел од партија што најавува одмазда против граѓаните на нашата држава – изјавил Мадел.
Тој признал дека претходно поддржувал построго спроведување на имиграциските закони, но дека операцијата „се проширила далеку над нејзиниот наведен фокус на реални закани за јавната безбедност“. Според медиумите во Минесота, Мадел до повлекувањето важел за фаворит на изборите.
Испраќањето на Том Хоман во Минесота го поддржа и секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, која на социјалната мрежа Икс порача дека тоа е „добра вест за мирот, безбедноста и одговорноста во Минеаполис“. Според неа, Хоман ќе помогне во отстранување на „насилните криминални нелегални имигранти“ и во расчистување на наводни масовни измами.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, соопшти дека Хоман ќе ги предводи теренските операции на Службата за имиграција и царина директно ќе му поднесува извештаи на Трамп.
Паралелно со безбедносната интервенција, Трамп отвори и политички фронт. Тој побара истрага за демократската конгресменка Илхан Омар, тврдејќи дека федералните институции проверуваат како таа од бегалка „без ништо“ стигнала до наводно богатство од 44 милиони долари.
Омар, која е родена во Сомалија и во САД пристигнала како дете бегалка, досега ваквите обвинувања ги оценуваше како политички мотивиран напад и дел од поширока кампања за нејзина дискредитација.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
