Топ Вести - Слушај сега
Координирана глобална акција, водена од Интерпол, резултирала со апсење на над 3.700 осомничени и со обезбедување помош и заштита за 4.400 потенцијални жртви на трговија со луѓе и со мигранти.
Акцијата, симболично наречена „Либертера III“, се спроведувала од 10 до 21 ноември. Во неа учествувале околу 14.000 полициски службеници од 119 држави, распоредени на клучни точки низ светот, информираше Интерпол на својот сајт и во објава на Икс.
Во рамките на операцијата биле извршени 3.744 апсења. Идентификувани биле 12.992 лица вмешани во шеми за нелегална миграција.
Заштитени биле 4.414 потенцијални жртви на трговија со луѓе.
Надлежните служби покренале и најмалку 720 нови истраги. Целта била јасна – целосно разбивање на мрежите што постојано ја менуваат тактиката.
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиса, предупредил дека криминалните групи постојано еволуираат.
– Криминалните мрежи се развиваат користејќи нови рути, дигитални платформи и ранливи групи од населението – рекол Уркиса.
– Идентификувањето на овие модели им овозможува на органите на прогонот навремено да ги предвидат заканите, порано да ги разбијат мрежите и подобро да ги заштитат жртвите – додал тој.
Интерпол посочил дека се забележува значајна промена во моделите на трговија со луѓе. Сѐ почесто се регистрирале случаи со јужноамерикански и азиски државјани во Африка, што претставува отстапување од досегашните практики.
Паралелно, измамите поврзани со трговијата со мигранти остануваат сериозен проблем.
Мигрантите често биле транспортирани по исклучително опасни маршрути, долж бреговите на Сенегал, Гвинеја Бисао, Мароко и Алжир, како и преку копнени мрежи во Перу, Бразил и други земји.
Властите во Бенин, Буркина Фасо, Брегот на Слоновата Коска, Гана, Сенегал и Сиера Леоне информирале за заеднички акции во кои биле спасени повеќе од 200 жртви.
Истовремено биле разбиени бројни центри за регрутација и експлоатација, јадра на криминалниот ланец што со години функционирал во сенка.
Tagged as:
Над 3.700 уапсени во глобална операција спасени 4.400 потенцијални жртви
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
