Топ Вести - Слушај сега
Во Минеаполис и други американски градови продолжија протестите поради постапките на агентите на Службата за имиграција (ICE) кои во саботата го убија 37-годишниот Алекс Прити.
Ова е второ убиство за помалку од еден месец во кое се вклучени агенти на ICE, задолжени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да се справуваат со нелегалните имигранти.
Гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека Америка е на „пресвртна точка“ и повторно побара од Трамп да ги отповика федералните агенти за имиграција од Минеаполис.
Трамп возврати со повик до гувернерот да „ги предаде сите криминални нелегални имигранти“ кои се чуваат во државните затвори за депортација.
Шефот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара, изјави за Би-Би-Си дека федералните агенти им го попречиле на државните службеници пристапот до местото на пукањето, и покрај тоа што обезбедиле налог за претрес.
Сите службеници за спроведување на законот во Минесота соработуваат со федералните власти „веќе неколку години“, а случувањата во оваа американска држава ја попречуваат способноста на агенциите да продолжат со истрагите, додаде тој.
Трамп во интервју за „Волстрит џурнал“ навести дека можеби ќе ги повлече агентите на ICE од областа на Минеаполис, но не прецизираше временска рамка.
„Во одреден момент тие ќе си одат. Тие завршија феноменална работа“, рече Трамп.
Пратениците остануваат поделени околу убиството на Прити, како и неговото право да носи оружје според Вториот амандман.
На 24 јануари, агенти на ICE го застрелаа и убија 37-годишниот Прити, тврдејќи дека имал пиштол со себе и се спротивставувал на апсењето.
На платформата Truth Social, Трамп објави фотографија од пиштолот што бил пронајден кај Прити и напиша: „За што се работи? Кој друг носи пиштол за да протестира?“.
Администрацијата на Трамп го опиша Прити како „домашен терорист“.
Противниците на Трамп и ICE тврдат поинаку.
Тие велат дека Прити воопшто не го извадил пиштолот и дека агентите на ICE се однесувале брутално кон него, а потоа го убиле на улица.
Очевидци, локални службеници и семејството на жртвата рекоа дека Прити имал телефон во раката, а не оружје.
Шефот на полицијата во Минеаполис рече дека Прити имал дозвола за оружје и немал други прекршоци или криминално досие освен неколку сообраќајни казни.
Tagged as:
Жестоки протести против бруталноста на имиграциските агенти
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
