Background

Стопанската комора смета дека ќе се наруши синџирот на снабдување

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез на граничните премини согласно EES системот) треба исклучиво да се бара преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот на Западен Балкан во целост, е став на Стопанската комора.

- Advertisement -
Ad image

Комората смета дека блокадите не може да бидат решение, бидејќи ако се наруши протокот на стоки на граничните премини со ЕУ само еден ден, а не дури 7 дена какви што се моменталните најави, губитници ќе бидат не се само транспортерите во меѓународниот патен сообраќај, туку и сите деловни субјекти вклучени во надворешно трговската соработка.

Според Комората, засега  никој не може да каже колкави ќе бидат загубите зашто тие ќе бидат по повеќе основи: пенали за задоцнета испорака, откажување договори, намалено производство, нереализиран извоз, неможност за навремено производство поради недостаток на суровина,…, но, сигурно е, дополнува, дека загубите ќе бидат од големи размери, што не е во ничиј интерес.

Оттаму информираат дека минатата недела заедно со коморите од Западен Балкан, упатиле заеднички апел до претседателката на Европската комисија во кое укажуваат дека очекуваат земјите-членки да усвојат привремени мерки овозможувајќи им на професионалните возачи непречено да го вршат меѓународниот патен транспорт, сè додека не се воспостави трајно и системско решение. Тоа, според коморите, би претставувало  јасен сигнал за веродостојна посветеност на интеграцијата на регионот и зачувувањето на функционирањето на синџирите на снабдувањe.

„Моменталниот пристап е неконзистентен со целите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и тешко е да се усогласи со нашите заеднички напори за понатамошно интегрирање на економиите на регионот во Единствениот пазар на ЕУ. Економиите на Западен Балкан, како кандидати и на јасен пат кон членство во Европската Унија, целосно опкружени со границите на ЕУ, треба да имаат корист од поедноставена и диференцирана примена на режимот на ЕЕS, што ќе го одрази нивниот статус како партнери во пристапувањето и ќе обезбеди јасна разлика од другите трети земји, се вели во апелот.

Комората исто така потсетува дека ЕУ е нашиот најважен извозен пазар, со над три четвртини од вкупниот извоз на земјата.

„Затоа од наш стратешки интерес е да се одржи стабилноста на синџирите на снабдување и непречено да се одвива протокот на стоки“, наведува Стопанската комора. 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation