Топ Вести - Слушај сега
Вооружени лица вчера отворија оган на фудбалско игралиште во централно Мексико убивајќи најмалку 11 лица и ранувајќи 12, соопштија локалните власти.
Нападот се случил во градот Саламанка, на крајот од фудбалскиот натпревар, изјави градоначалникот Сезар Прието, пишуваат американските медиуми.
Десет лица загинаа на лице место, а едно подоцна им подлегна на повредите во болница. Градоначалникот потврди дека меѓу ранетите има една жена и едно малолетно лице.
Градоначалникот ја повика претседателката Клаудија Шајнбаум да помогне во спречувањето на насилството.
– За жал, постојат криминални групи кои се обидуваат да ги потчинат властите, нешто што нема да го постигнат – рече градоначалникот.
Канцеларијата на државниот обвинител на Гуанахуато соопшти дека истражува и работи со федералните власти за зајакнување на безбедноста во областа.
Државата Гуанахуато минатата година регистрираше најголем број убиства во Мексико. Во таа област, локалната банда Санта Роса де Лима се бори против моќниот картел „Нова генерација на Халиско“.
И покрај ова, мексиканската влада тврди дека стапката на убиства во земјата во 2025 година била најниска од 2016 година, со 17,5 убиства на 100.000 жители. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека овие бројки можеби не го одразуваат целосно вистинското ниво на насилство во земјата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
