Топ Вести - Слушај сега
Основното јавно обвинителство Кавадарци покрена постапка против 30-годишна државјанка на Република Хрватска, со привремен престој во Кавадарци, осомничена за кривично дело телесна повреда.
Инцидентот се случил на 25 јануари во утринските часови, кога жената, под дејство на алкохол, извршила семејно насилство врз својот сопруг. Според наводите од обвинителството, таа имала дури 2,61 промили алкохол во крвта. По вербална расправија, осомничената зела нож од кујната и го прободела сопругот во левото и десното рамо, по што продолжила да го гребе по вратот и по телото.
Поради сериозноста на нападот и околностите под кои бил извршен, јавниот обвинител оценил дека постојат законски основи за определување притвор. До судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кавадарци е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничената.
Постапката се води за кривично дело телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
