Топ Вести - Слушај сега
Навивачи на Црвена ѕвезда, кои се враќале од гостувањето кај Малме во Лига Европа, биле нападнати во близина на Меѓународниот аеродром Тузла. Според локалниот портал „Avaz.ba“, инцидентот се случил околу 500 метри од аеродромот, каде што, според неофицијални информации, била организирана заседа.
Во масовната пресметка учествувале припадници на навивачката група „Делии“, поддржувачи на Црвена ѕвезда, и „Торцида“, навивачи на Хајдук од Сплит.
Портпаролката на Управата на полицијата на Тузланскиот кантон, Аднана Спречиќ, потврди дека инцидентот бил пријавен на 24 јануари 2026 година околу 21:55 часот.
– Пријавено е дека пред влезот на Меѓународниот аеродром Дубраве се случува тепачка меѓу повеќе лица. На местото беа испратени полициски патроли, единици за брза интервенција и екипи на Итната медицинска помош од Живинице и Тузла. Затекнат е поголем број лица, за кои е утврдено дека се навивачи на Црвена ѕвезда од Србија и припадници на Торцида од Хрватска. Според првичните информации, повредени се 23 лица, меѓу кои и еден полициски службеник – изјави Спречиќ.
Таа додаде дека за настанот е известено Кантоналното обвинителство на Тузланскиот кантон и дека истрагата е во тек. Во полициските простории биле задржани вкупно 93 лица, сите од надвор од Тузланскиот кантон.
Според достапните информации, навивачите на Црвена ѕвезда пристигнале во Тузла со авион од Малме и продолжиле организирано кон следната дестинација. Нападот се случил веднаш по напуштањето на аеродромската зона, по што напаѓачите побегнале во околните улици.
Полицијата продолжува со утврдување на сите околности, а повеќе информации се очекуваат во наредните денови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
