Топ Вести - Слушај сега
Иранската револуционерна гарда е „поподготвена од кога било и со прстот на чкрапалото“, објави денеска нејзиниот командант, генералот Мохамед Пакпур, откако САД објавија дека упатуваат флотила бродови кон Блискиот Исток и дека војската е подготвена да одговори.
Платформата Нурњуз (Nurnews), блиска до Врховниот совет за национална безбедност на Иран, објави на својот канал на Телеграм дека командантот на Револуционерната гарда ги предупреди САД и Израел „да избегнат каква било погрешна проценка“.
„Исламската револуционерна гарда и Иран се поподготвени од кога било, со прстот на чкрапалото, да ги извршуваат наредбите и директивите на Врховниот командант“, се наведува во соопштението.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно неколку пати го предупреди Техеран дека ќе употреби сила доколку продолжи убивањето на мирните демонстранти, кои протестираат низ целата земја од 28 декември.
Тој пред два дена изјави дека САД преместуваат воени бродови кон Иран „за секој случај“, доколку се решат да преземат акција.
„Имаме огромна флота што оди во таа насока и можеби нема да мора да ја користиме“, рече Трамп, а американски воен претставник додаде дека во Индискиот Океан има и носач на авиони.
Неколку европски авиокомпании ги откажаа летовите до Иран и до околните земји, вклучувајќи ги и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), поради тензиите во регионот.
Иако демонстрациите во Иран се смирени, бројот на жртви продолжува да расте, а американската новинска агенција ХРАНА објави дека вкупниот број на жртви е 5.137, додека повеќе од 27.700 луѓе се уапсени.
Tagged as:
Трамп рече дека можеби нема да се употреби огромната флота што тргна кон Иран
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
