Background

Радев е првиот претседател кој заминува со оставка

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Румен Радев повеќе не е претседател на Бугарија откако Уставниот суд (УС) ја одобри неговата оставка. Илијана Јотова ќе биде шеф на државата до крајот на мандатот, јавија медиумите во Бугарија. Јотова воедно е и прва жена претседател на Бугарија. Радев, пак, е прв бугарски претседател кој заминува со оставка.

- Advertisement -
Ad image

Уставниот суд на Бугарија ја донесе одлуката да ја одобри оставката на Радев едногласно со гласовите на сите 12 судии кои учествуваа на седницата.

Јотова е шестиот шеф на државата во 33-годишната историја на институцијата. Таа ќе мора да назначи привремен кабинет и да ја спроведе постапката за формирање редовна влада по предвремените парламентарни избори, кои се очекуваат кон крајот на март или почетокот на април.

Дојче Веле анализира дали ќе има политички пресврт во Бугарија при што Радев би станал премиер во идната влада. Весникот го опишува Радев како претседател кој се позиционирал  во спектарот на умерен десен популизам и национализам.

„Не е радикален евроскептик како Виктор Орбан, но често бара Бугарија ‘поостро’ да ги брани своите интереси во  ЕУ. Тој се спротивстави на  воведувањето на еврото на 1 јануари 2026 година, не поради самата валута, туку затоа што не бил организиран референдум“.

Новата претседателка на Бугарија доаѓа од социјалистите БСП на Радев. Јотова беше многу активна потпретседателка, честопати формализирајќи ги позициите на претседателот Румен Радев во неговото владеење изминатите 9 години, а понекогаш дејствувајќи како негов портпарол.

Taa ja презема функцијата до истекот на мандатот на Радев. Мандатот истекува до крајот на годината.

Кругови во БСП тврдат дека партијата би можела да ја поддржи или дури и да ја номинира за кандидат на претстојните претседателски избори во ноември.  Слична можност призна и актуелниот лидер Атанас Зафиров. Според извори на Медиапул, Радев е подготвен да објави и поддршка за Јотова.

Во понеделникот, Радев објави дека поднесува оставка од функцијата во име на идна политичка кариера. Се очекува тој да се кандидира на следните парламентарни избори, пишуваат бугарските медиуми.

Сè уште е нејасно дали тој ќе го стори тоа со својата партија или ќе ја користи регистрацијата на веќе постоечка.

Претходната оставка на бугарски претседател се случула во далечната 1994 година. Тогашната потпретседателка Блага Димитрова поднела оставка од својата функција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation